Годишна претплата за компании/ институции – Smetkovoditeli.com.mk
Оваа претплатата се однесува за приватни компании, физички лица, државни органи и други организации и се однесува само за пристап до е-базата на Smetkovoditeli.com.mk како и ваш маил во маилинг листа за добивање на информации и новини.
Е-базата претставува современа алатка за информирање на сметководителите во нивната секојдневна работа и истата се состои од база на сметководствени книжења, база на прашања и одговори, база на теркови и обрасци, база на информации, база на информативни написи, база на прописи, Online и excel калкулатори за плати и надоместоци, каматна стапка, мдб и друго.
12 месечни Информатори
Новина од 2020 година ќе бидат нашите месечни изданија. 12 месечни Информатори (сметководство, даноци и право) во кои ќе се обработуваат актуелности како и теми од интерес за секојдневното работење на сметководителите и овластените сметководители. Месечните информатори ќе ги издаваме во електронска форма и ќе ги испраќаме на вашиот маил.
Прирачник за годишна сметка и даночен биланс
Прирачникот за годишна сметка и даночен биланс – електронско издание ќе претставува е-прирачник за изработка на годишна сметка и даночен биланс со примери и со додатоци ексел калкулатори и теркови за изработка на финансиски анализи.
Пристап до мобилна апликација Smetkovoditeli.com.mk
Со годишната претплата од 2021 година, добивате и пристап до наша мобилна апликација од вашиот смартфон, од каде ќе може да пристапите до нашите бази од било која локација. Мобилната апликација ќе има и други функционалности, како известувања за новини и законски измени, потсетник за рокови од даночен календар и други значајни рокови за сметководителите.
База на сметководствени книжења
Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.
База на информации
Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на гориво, уплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќање, амортизациони стапки и слично).
Е-калкулатори
Во нашата база ќе најдете е-калкулатори за пресметка на плати и придонеси, данок на личен доход (од работа, од капитал, од закуп и сл.), камата, мдб и сл. Во тек е надградба со калкулатори и теркови за пресметка на неколку финансиски параметри како ликвидност, профитабилност, финансиска стабилност, деловна активност и сл.
База на прописи
Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата се опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.
База на теркови и обрасци
Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не е во база.
База на прашања и одговори
Претставува база на одговорени прашања од областа на сметководство, даноци и право, категоризирани во категории со што многу лесно може да дојдете до одговорот на бараното прашање. Базата на прашања и одговори се надополнува постепено со прашањата кои ги одговараме на нашите корисници.
Преземете Понуда за годишна претплата на следниот линк: Понуда за претплата компании, институции – 2021
Погледнте видео приказ на нашите е-бази на информации на следниот линк: Е-база на информации.
За прифаќање на Понудата доволно е само да го платите износот во Понудата или да ја пополните формата во прилог или да ја пополните Претплатницата во понудата и да ни ја испратите скенирана на нашиот маил pretplata@smetkovoditeli.com.mk.
*Понудата се смета дека е прифатена доколку извршите едно од горенаведените.