ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА
ДРУШТВА ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ УСЛУГИ И ТП ОВЛАСТЕНИ СМЕТКОВОДИТЕЛИ
Smetkovoditeli.com.mk претставува најголемата е-база на информации за сметководители, овластени сметководители и работници во сектор финансии и сметководство. Е-базата е составена од база на сметководствени книжења, база на информации (податоци за плата, МДБ, уплатни сметки, шифри за плаќање, дневници за службени патувања, цени на гориво и слично), база на прописи, база на теркови и обрасци, информативни написи , е-калкулатори за пресметка на плати и други надоместоци, каматни стапки, мдб и слично.
Што добивате со годишната претплата на Smetkovoditeli.com.mk ?
12 месечни Информатори
12 месечни Информатори (сметководство, даноци и право) во кои ќе се обработуваат актуелности како и теми од интерес за секојдневното работење на сметководителите и овластените сметководители. Месечните информатори ќе ги издаваме во електронска форма и ќе ги испраќаме на вашиот маил.
Пристап до веб локација за изработка на годишна сметка
Нашите корисници добиваат пристап до веб локација за изработка на годишна сметка и финансиски извештаи која вклулува:
- Excel алатка за составување на годишна сметка од Бруто Биланс,
- Е- Алатка за конвертирање на Excel во xml и прикачување на на веб страна на Централен регистар,
- Прирачник за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи,
- Прирачник за даночен биланс,
- Пречистени текстови на законски прописи кои се однесуваат на годишна сметка и
- Теркови и обрасци во врска со годишна сметка и финансиски извештаи.
Пристап до мобилна апликација – Сметководители
Пристап до наша мобилна апликација Сметководители од вашиот смартфон, од каде ќе може да пристапите до нашите бази од било која локација. Мобилната апликација ќе има и други функционалности, како известувања за новини и законски измени, потсетник за рокови од даночен календар и други значајни рокови за сметководителите.
База на сметководствени книжења
Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.
База на информации
Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на гориво, уплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќање, амортизациони стапки и слично).
Е-калкулатори
Во нашата база ќе најдете е-калкулатори за пресметка на плати и придонеси, данок на личен доход (од работа, од капитал, од закуп и сл.), камата, мдб и сл. Во тек е надградба со калкулатори и теркови за пресметка на неколку финансиски параметри како ликвидност, профитабилност, финансиска стабилност, деловна активност и сл.
База на прописи
Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата се опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.
База на теркови и обрасци
Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не е во база.
База на прашања и одговори
Претставува база на одговорени прашања од областа на сметководство, даноци и право, категоризирани во категории со што многу лесно може да дојдете до одговорот на бараното прашање. Базата на прашања и одговори се надополнува постепено со прашањата кои ги одговараме на нашите корисници.
Погледнте видео приказ на нашите е-бази на информации на следниот линк: Е-база на информации.
НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ
НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ претставува најкористената алатка за пребарување на сметководствени бизниси во Македонија. Нашите експерти и нашите реклами, доведоа до тоа НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ да е највисоко рангиран на пребарувачот google при пребарување со зборовите сметководител, smetkovoditel, најди сметководител во Скопје, Битола, Охрид или било кој друг град во Македонија. Друштвата и ТП овластени сметководители, со избор на една од годишните претплати добиваат бесплатен профил на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ.
Погледнете видео приказ на најди сметководител и позиционираност на Google пребарувачот на следните линкови: Изглед на профил на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ и Позиционираност на Google на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ.
За друштвата за вршење на сметководствени услуги и за ТП овластен сметководител претплатата за 2023 година изнесува 6.500 денари.
*Понудата се смета дека е прифатена доколку извршите едно од наведените:
- Пополнете ја последната страна од Понуда за претплата за 2023 година – Smetkovoditeli.com.mk – СБ и испратите ја скенирана на pretplata@smetkovoditeli.com.mk или
- платете ја про-фактурата ПРО Фактура – годишна претплата – СБ -2022 или
- пополнете го Барањето за претплата во прилог: