ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА 2023
Smetkovoditeli.com.mk претставува најголемата е-база на информации за сметководители, овластени сметководители и работници во сектор финансии и сметководство. Е-базата е составена од база на сметководствени книжења, база на информации (податоци за плата, МДБ, уплатни сметки, шифри за плаќање, дневници за службени патувања, цени на гориво и слично), база на прописи, база на теркови и обрасци, информативни написи , е-калкулатори за пресметка на плати и други надоместоци, каматни стапки, мдб и слично.
Глобал Гроуп Консалтинг претставува реномирано Друштво за консалтинг и ревизорски услуги. Од Октомври 2020 година друштвото има акредитација за одржување на КПУ Обуки за сметководители и овластени сметководители.
Што добивате со годишната претплата на Smetkovoditeli.com.mk ?
12 месечни Информатори
12 месечни Информатори (сметководство, даноци и право) во кои ќе се обработуваат актуелности како и теми од интерес за секојдневното работење на сметководителите и овластените сметководители. Месечните информатори ќе ги издаваме во електронска форма и ќе ги испраќаме на вашиот маил.
Прирачник за годишна сметка и даночен биланс
Прирачникот за годишна сметка и даночен биланс – електронско издание ќе претставува е-прирачник за изработка на годишна сметка и даночен биланс со примери и со додатоци ексел калкулатори и теркови за изработка на финансиски анализи.
База на сметководствени книжења
Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.
База на информации
Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на гориво, уплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќање, амортизациони стапки и слично).
Е-калкулатори
Во нашата база ќе најдете современи е-калкулатори за пресметка на плати со додатоци за минат труд, прекувремена работа, работа во смени, работа во недела и празник и слично , Е-калкулатор за пресметка на камата, Калкулатор за мдб и сл.
База на прописи
Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата се опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.
База на теркови и обрасци
Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не е во база.
База на прашања и одговори
Претставува база на одговорени прашања од областа на сметководство, даноци и право, категоризирани во категории со што многу лесно може да дојдете до одговорот на бараното прашање. Базата на прашања и одговори се надополнува постепено со прашањата кои ги одговараме на нашите корисници.
НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ
НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ претставува најкористената алатка за пребарување на сметководствени бизниси во Македонија. Нашите експерти и нашите реклами, доведоа до тоа НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ да е највисоко рангиран на пребарувачот google при пребарување со зборовите сметководител, smetkovoditel, најди сметководител во Скопје, Битола, Охрид или било коој друг град во Македонија. Друштвата и ТП овластени сметководители, со избор на една од годишните претплати добиваат бесплатен профил на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ.
Одлучивме да поставиме 4 видови на годишни претплати со цел намалување на цената на годишна претплата за друштвата за вршење на сметководствени работи како и за сметководителите и овластените сметководители вработени во компании. Подолу се претставени видовите на претплата.
ВИДОВИ НА ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА: