Друштво за ревизија ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје е реномирана ревизорска компанија од Скопје со долгогодишно искуство во вршење на ревизорски услуги.
Ревизорско друштво ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје е лиценцирано друштво за ревизија со Лиценца бр. 33 од Советот за унапредување и надзор на ревизијата на Република Македонија.
Друштвото исто така е член на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.
Вработените во ревизорското друштво се посветени професионалци во својата област, докажани низ многубројните завршени проекти.
Ние ги вршиме следните ревизорски услуги:
- Ревизија на финансиски извештаи на средни и големи субјекти, АД, НВО, јавни претпријатија, државни органи и сл.
- Ревизија на проекти финансирани од странски донатори
- Даночни совети за мали, средни и големи трговци, НВО
- Други сметководствени и ревизорски услуги
Нашиот тим
Нашиот тим за вршење на ревизорски ангажмани е составен од два лиценцирани овластени ревизори, дипломирани економисти помошници ревизори, правници и административни асистенти.
Задоволни клиенти
Референтната листа на задоволни клиенти на ревизорското друштво е многу долга. Дел од нашите клиенти на кои успешно и професионално им извршивме ревизија се следните: Алокејт Софтвер, Џагатај Кабло Отомотив Електрик Системлери, Хета Лизинг, ИМП Солета, М Кеш Македонија, Ред шпед, Изградба Комерц, Саник Инженеринг , Извор, Кединг, Солар Про Холдинг, Грин Солар, Техно транс, Мактренд, ФАЛКО, ЦОФИЦАБ Еастерн Еуропе СРЛ, ЛУТЕКС, ЊУ Енерџи, ФЛЕКС КРЕДИТ и други.