Друштво за ревизија  РУЛЕ ДООЕЛ Скопје е ревизорска компанија од Скопје со богато искуство во вршење на ревизорски услуги.

За нас

Основачот на РУЛЕ Аудит, Александар Рулески е овластен ревизор со долгогодишно искуство. РУЛЕ ДООЕЛ Скопје е новооснована компанија која нуди ревизорски и консалтинг услуги за своите клиенти. Вработените во компанијата имаат долгогодишно искуство во вршење на професионални услуги и во справување со клиентски прашања со широк спектар, обем и сложеност.Нашиот однос со нашите клиенти со висок квалитет се зголеми и созреа во взаемно почитувана и просперитетна соработка, изградена врз професионализам, доверба, интегритет и импресивни резултати.

Ние обезбедуваме корпоративни услуги за бизниси, даночно и правно советување, подготовка и ревизија на финансиски извештаи.

 

ќе ги исполни Вашите очекувања со Понуда на ревизорски услуги базирани на долгогодишно искуство и експертиза за разумна цена.
Ќе ни биде чест и задоволство да соработуваме со Вас и со нашите сугестии да помогнеме во
остварување на Вашите поставени цели.  Ние се надеваме на долгорочна соработка со Вас. Доколку имате било какви прашања или би сакале да дискутираме, Ве молиме контактирајте не.

Ние ги нудиме следните професионални услуги:

  • Ревизија – ревизија на финансиски извештаи со примена на Меѓународните стандарди за ревизија (ИСА) преку спроведување на независно испитување на деловни книги, сметки, статутарни записи,  документи и слично за да се утврди дали финансиските извештаи, како и нефинансиските обелоденувања претставуваат вистински и фер изглед и во согласност со Законот за трговски друштва и Законот за ревизија.
  • Консалтинг – РУЛЕ ДООЕЛ врши бизнис консалтинг, даночен консалтинг и консалтинг од областа на сметководството за неговите клиенти.

Нашиот тим

Нашиот тим за вршење на ревизорски ангажмани е составен од два лиценцирани овластени ревизори со богато искуство во ревизорски ангажмани во следните клиенти  ТАБ МАК Пробиштип, МИ – ДА МОТОРС Скопје, ОЧНА ОПТИКА АД, КАЗ ГРУП Скопје, ФОРТУНА ГРУП Скопје, ЌУЛАФКОВСКИ ДООЕЛ, ИН-ТЕРМ СИСТЕМИ, АД КЛАНИЦА СО ЛАДИЛНИК, МИНКА ДА Струмица, ГАМА ОИЛ, ДЕРВЕНТ ПРОМЕТ, АДИ 2012, ЖИТО КАРАОРМАН АД, ЈП КОМУНАЛЕЦ Гевгелија, ДЕ ИНВЕСТ, Агенција за планирање Простор, КЈП НИСКОГРАДБА Битола, ВАРИМПЕКС, РАД – КОМ Скопје, ДЕЛТА СЕДУМ и други. Во друштвото се вработени/ ангажирани и други лица помлади ревизори/ сметководители.

 

 

Работно време

Понеделник

08-16

Вторник

08-16

Среда

08-16

Четврток

08-16

Петок

08-16

Сабота

-

Недела

-

Адреса

Наша адреса:

бул. Крсте Мисирков бр. 7 спрат 3/11, Скопје

Телефон:
Емаил:
Побарајте понуда