Smetkovoditeli.com.mk претставува генератор на бизниси од сметководствена фела (друштва за вршење на сметководствени услуги, ТП овластени сметководители). Веб страната претставува алатка за поврзување на комапниите со сметководствени бизниси.

Компаниите можат на лесен и едноставен начин да пронајдат сметководител во бараниот град / локација како и преку пребарувачот на почетна страна така и преку пребарувачот со Мапа.

Сметководствените бироа и другите бизниси од сметководствена фела, со регистрација на веб страната добиваат нивен профил со локација на мапа, со информации за услугите кои ги нудат, некои поважни проекти, работно време, контакт информации (телефон, маил, веб страна), како и можност за директна маил комуникација од страна на клиентот со сметководственото биро. Smetkovoditeli.com.mk не презема никаква одговорност во однос на точноста на податоците за сметководствените бизниси, со оглед на тоа што тие податоци ги добиваме од страна на самиот бизнис и истите само се внесуваат во профилот.

Дел од веб страната smetkovoditeli.com.mk претставува и  Е-базата на информации која е составена од (сметководствени книжења, прашања и одговори, теркови и обрасци, прописи, калкулатори, уплатни сметки, шифри, информативни написи, месечни информатори и друго).

Базата на книжења претставува најголема база на книжења која е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.

12 месечни Информатори

12 месечни Информатори (сметководство, даноци и право) во кои се обработуваат актуелности како и теми од интерес за секојдневното работење на сметководителите и овластените сметководители. Месечните информатори ќе ги издаваме во електронска форма и се испраќаат на вашиот маил.

Прирачник за годишна сметка и даночен биланс

Прирачникот за годишна сметка и даночен биланс – електронско издание претставува е-прирачник за изработка на годишна сметка и даночен биланс со примери и со додатоци ексел калкулатори и теркови за изработка на финансиски анализи.

База на сметководствени книжења

Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.

База на информации

Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на горивоуплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќањеамортизациони стапки и слично).

Е-калкулатори

Во нашата база ќе најдете е-калкулатори за пресметка на плати и придонеси, камата, мдб и сл. Во 2020 година базата на калкулатори ќе се надгради со калкулатори и теркови за пресметка на неколку финансиски параметри како ликвидност, профитабилност, финансиска стабилност, деловна активност и сл.

База на прописи

Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата ќе бидат опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.

База на теркови и обрасци

Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не  е во база.

База на прашања и одговори

Претставува база на одговорени прашања од областа на сметководство, даноци и право, категоризирани во категории со што многу лесно може да дојдете до одговорот на бараното прашање. Базата на прашања и одговори се надополнува постепено со прашањата кои ги одговараме на нашите корисници.

Пристапот до содржините на е-базите на веб страната е дозволен само за регистрирани корисници. Начинот на регистрација, видовите на претплата и слични информации може да добиете на линкот претплата.

Содржините објавени на веб страната се од информативен карактер и им служат на корисниците на веб страната како насоки или примери. Секој поединечен случај во пракса има свои карактеристики и е посебен, затоа наша препорака е при користење на содржините на страната да се консултирате со експерт од областа (овластен сметководител, адвокат и слично).

Smetkovoditeli.com.mk цели кон презентирање  на точни и вистинити информации од областа на сметководството и правото, и со нивното користење вие  прифаќате и се согласувате дека веб порталот  smetkovoditeli.com.mk, ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје и сите вработени не преземаат никаква одговорност за евентуални грешки во содржините на веб страната или на било која од информациите кои се наоѓаат на http://www.smetkovoditeli.com.mk.

Користењето на информациите кои се наоѓаат на веб страната smetkovoditeli.com.mk  го правите на сопствена одговорност, со тоа што сајтот и неговите сопственици не можат да се сметаат за одговорни за било каков вид на штета настаната од нивното користење.

Не е дозволено преземање и копирање на содржини или  делови од нив без претходна согласност од smetkovoditeli.com.mk. Терковите и обрасците се поставени на тој начин што лесно може да се симнуваат. Корисниците може да ги користат содржините на страната единствено за нивни потреби и потребите на нивните клиенти. Содржините на страната во никој случај не може да се користат во комерцијални цели. За неовластено преземање и користење на содржините на веб страната, smetkovoditeli.com.mk ќе ги преземе сите законски мерки за заштита на авторско право.

Сопственици на веб порталот smetkovoditeli.com.mk се ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје.

Smetkovoditeli.com.mk го задржува правото за менување и дополнување на правилата и условите за користење на веб страната, без претходно најавување или информирање на корисниците.