Поднесување на ДДВ 04 пријава до УЈП - Е-база на информации за сметководители,
Home Event Управа за јавни приходи Поднесување на ДДВ 04 пријава до УЈП

Date

Дек 25 2022

Time

1:00 am - 12:00 pm

Поднесување на ДДВ 04 пријава до УЈП

Поднесување на ДДВ-04 пријава до УЈП

Почитувани,

Ако вршите стопанска дејност, регистрирани сте за целите на ДДВ и сте месечен или тримесечен даночен обврзник, задолжително поднесете даночна пријава на образец “ДДВ-04” по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

 

Вид на обврска: Поднесување на ДДВ-04 пријава до УЈП преку е-даноци


Назив на орган: Управа за јавни приходи


Пропис: Закон за данокот на додадена вредност


Даночните обврзници кои се обврзани за регистрација или кои доброволно се регистрирале за целите на данокот на додадена вредност, обврзани се да поднесат Даночна пријава на данокот на додадена вредност (образец “ДДВ-04”) за секој даночен период (месец или тримесечје).

ДДВ обврзниците даночната пријава на ДДВ задолжително треба да ја поднесуваат по електронски пат преку е-Даноци http://etax.ujp.gov.mk

ДДВ-пријавата се поднесува во рок од 25 дена по истекот на соодветниот даночен период.
ДДВ-пријавата се поднесува и во случај кога даночниот обврзник во соодветниот даночен период нема извршено оданочив промет.
Во случај на престанок со вршење на дејност, даночниот обврзник е должен да поднесе даночна пријава во рок од 25 дена по истекот на календарскиот месец, во кој престанал со дејноста.

Даночните должници кои неовластено искажале ДДВ во фактурите должни се да поднесат ДДВ-пријава за оној даночен период за кој настанал даночниот долг.
Ваква обврска имаат и даночните должници кои не се регистрирани за целите на ДДВ, а кои се јавуваат како приматели на добра или корисници на услуги за промет кој е извршен од даночните обврзници кои немаат ниту седиште, ниту подружница во Република Македонија.

error: Копирањето не е дозволено!
error: Копирањето не е дозволено!