Кои сме ние?

Smetkovoditeli.com.mk претставува најголемата е-база на информации за сметководители, овластени сметководители и работници во сектор финансии и сметководство. Е-базата е составена од база на сметководствени книжења, база на информации (податоци за плата, МДБ, уплатни сметки, шифри за плаќање, дневници за службени патувања, цени на гориво и слично), база на прописи, база на теркови и обрасци, информативни написи , е-калкулатори  за пресметка на плати и други надоместоци, каматни стапки, мдб и слично.

Сопственик на порталот Smetkovoditeli.com.mk е Друштво за ревизија и консалтинг ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје со седиште на ул. Жил Верн бр.8/5 Скопје, www.globalgroup.mk, info@globalgroup.mk.

ГЛОБАЛ ГРОУП КОНСАЛТИНГ ДОО Скопје претставува реномирана компанија која нуди за бизнис консалтинг (даночен, економски и правен консалтинг), ревизорски услуги, сметководствени услуги и правни услуги.
Вработените во компанијата и нејзините надворешни стручни соработници се експерти во својата област и благодарение на нивната стручност и ефикасна работа, компанијата брои голем број на задоволни клиенти. Честите промени на Законската регулатива и нивното следење го преокупираат работното време на денешните претприемачи.
Нашата мисија е ажурно следење на законските измени и навремено и ажурно информирање на нашите клиенти околу настанатите измени и нивното влијание врз нивната секојдневна работа. Ние нудиме професионален пристап, ефикасност, ефективност, ажурност и водиме комплетна грижа за правилна и законска работа на нашите клиенти.

НАШИ КОНТАКТИ

Телефони: 02/5126-533, Претплата: 075/709-399, Совети: 078/332-350, 078/289-005.

Маил адреси: pretplata@smetkovoditeli.com.mk, admin@smetkovoditeli.com.mk, info@globalgroup.mk, contact@globalgroup.mk, jani@globalgroup.mk, simona@globalgroup.mk.

 

НАШАТА БАЗА НА ИНФОРМАЦИИ

12 месечни Информатори

Новина од 2020 година ќе бидат нашите месечни изданија. 12 месечни Информатори (сметководство, даноци и право) во кои ќе се обработуваат актуелности како и теми од интерес за секојдневното работење на сметководителите и овластените сметководители. Месечните информатори ќе ги издаваме во електронска форма и ќе ги испраќаме на вашиот маил.

Прирачник за годишна сметка и даночен биланс

Прирачникот за годишна сметка и даночен биланс – електронско издание ќе претставува е-прирачник за изработка на годишна сметка и даночен биланс со примери и со додатоци ексел калкулатори и теркови за изработка на финансиски анализи.

База на сметководствени книжења

Базата на книжења е составена од сметководствени книжења на разни сметководствени ситуации и документации, категоризирана според класи (од класа 0 до класа 9). Книжењата се претставени преку примери од секојдневното работење на компаниите и начин на книжење на примерот даден во табела.

База на информации

Во базата на информации може да најдете информации од интерес на сметководителите и овластените сметководители како податоци за плата по месеци, дневници за службен пат во земјата и во странство, цени на горивоуплатни сметки за јавни приходи, шифри за плаќањеамортизациони стапки и слично).

Е-калкулатори

Во нашата база ќе најдете е-калкулатори за пресметка на плати и придонеси, камата, мдб и сл. Во 2020 година базата на калкулатори ќе се надгради со калкулатори и теркови за пресметка на неколку финансиски параметри како ликвидност, профитабилност, финансиска стабилност, деловна активност и сл. 

База на прописи

Новина во 2020 година ќе биде и базата на прописи. Базата на прописи е составена од законски прописи ( основни закони, измени и дополнувања и пречистени текстови) како и подзаконски акти, колективни договори. Во базата ќе бидат опфатени неколку категории од интерес на сметководителите и овластените сметководители.

База на теркови и обрасци

Оваа база претставува база во која се прикажани обрасци и теркови за изготвување на документи од сите области на работа како човечки ресурси, трговски друштва, договори, даноци и друго. Терковите може да се прегледуваат и спуштаат во текст форма. Постои и можност на ваше барање да изготвиме терк кој не  е во база.

База на прашања и одговори

Претставува база на одговорени прашања од областа на сметководство, даноци и право, категоризирани во категории со што многу лесно може да дојдете до одговорот на бараното прашање. Базата на прашања и одговори се надополнува постепено со прашањата кои ги одговараме на нашите корисници.

НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ 

НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ претставува најкористената алатка за пребарување на сметководствени бизниси во Македонија. Нашите експерти и нашите реклами, доведоа до тоа НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ да е највисоко рангиран на пребарувачот google при пребарување со зборовите сметководител, smetkovoditel, најди сметководител во Скопје, Битола, Охрид или било коој друг град во Македонија. Друштвата и ТП овластени сметководители, со избор на една од годишните претплати добиваат бесплатен профил на НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ.