Вложување на закупецот во објектот на закуподавачот (Вложување во туѓ објект)

Вложување на закупецот во објектот на закуподавачот (Вложување во туѓ објект)

Друштвото “ Тест АА ” во понатамошниот текст “Закупец” има склучено договор за закуп со Друштвото “ Тест ББ “ во понатамошниот текст “Закуподавач”. Предмет на овој договор претставува објект кој не е целосно изграден. Во договорот  двете страни се согласни закупецот да ја заврши инвестицијата на сопствен трошок. За таа цел Закупецот ангажира градежна фирма да ја изврши работата. По завршувањето на работата извршителот на услугата (градежната фирма)  издава градежна ситуација на Закупецот со пренесена даночна обврска по член 32-а во износ од 600.000 денари. Согласно сметководствената политика на Друштвото истото користи пропорционален метод на амортизација и за вложувањата извршени во туѓиот објект закупецот пресметува и трошок за амортизација по стапка од 10%. Проценет годишен век на користење 10 години.

 

 

Конто

Опис

Износ

Забелешка

 

Должи

Побарува

 

Должи

Побарува

 

1

020

 

Вложувања во недвижности на наем

600.000

 

 

 

130

 

Претходен ддв-член 32а

(600.000 * 18% = 108.000 денари)

108.000

 

 

 

 

220

Обврски спрема добавувачи

 

600.000

 

 

 

230

Обврски за ддв-член 32а

 

108.000

 

 

 

 

По градежна ситуација

 

 

 

2

430

 

Трошок за амортизација

( 708.000 * 10% = 70.800)

70.800

 

 

 

 

029

Акумулирана амортизација на вложувања во туѓи објекти

 

70.800

 

 

 

 

Годишна амортизација на туѓи објекти