Министерството за финансии го објави Предлог текстот на Законот за вршење на сметководствени работи

Предлог закон за вршење на сметководствени работи

По извршените консултации со сметководителите и со експертите од оваа област, Министерството за финансии утврди нов текст на Предлогот на закон за вршење на сметководствени работи.

Според Министерството, во него се вградени најголем број од добиените забелешки и сугестии со единствена цел преку предложените решенија да се овозможи одржлив развој и саморегулација на сметководствената професија, воспоставување и спроведување на  професионални стандарди и заштита на јавниот интерес.

Решенијата се во насока на слободен влез во сметководствената професија. Стекнувањето искуство во вршење сметководствени работи пред и по завршувањето на стручниот испит за сметководителите ќе се смета за релевантно. Истовремено се намалуваат трошоците на правните сбјекти кои не вршат сметководствена дејност во делот на водењето на сметководството. 

Со новиот закон се унапредува процесот на континуирано професионално усовршување согласно со меѓународно прифатените стандарди и се овозможува поголема инклузивност и транспарентност во работењето на Институтот. 

Предлог законот може да го преземете тукаПредлог закон за вршење на сметководствени работи – МФ