ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ПЛАТА

ПРЕДЛОГ ЗАКОН
ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА  ПРИДОНЕСИТЕ ОД ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ ПОРАДИ ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА  ПЛАТА

Министерството за труд и социјална политика го објави на ЕНЕР Предлог Законот за субвенционирање на социјални придонеси од задолжително осигурување поради зголемување на плата.

Со предлог законот на системски начин се регулира начинот на добивање на субвенционирање на придоенсите а притоа осигурениците непречено ги остваруваат права од социјално осигурување а работодавачите на веќе постојниот уреден начин на плаќање на социјални придонеси немаат обврска да плаќаат придоенси за социјано осигуурвање за износот на зголемена плата. Истовремено начинот на субвенционирање на социјалните  придонесите е транспарентен, јасен, прецизен, едноставен и единствен за сите работодавачи од приватениот сектор.

Целта на Законот  е поттикнување на работодавачите да исплаќаат плата во повисок износ заради подобрување на економскиот стандард на вработените и поттикнување на економскиот раст и развој во Република Македонија.

Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач кој:

  • – има статус на активен обврзник за пресметка и уплата на придонеси, односно не е во постапка на стечај или ликвидација или постапка на бришење согласно со членовите 477,477-а, 552-а и 552-б од Закон за трговски друштва и
  • – нема доспеани обврски по основ на бруто плата до денот на побарување на субвенцијата на придонеси.
  • – Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач за осигуреник кој бил во  задолжително социјално осигурување кај тој работодавач во сите месеци од референтниот период и за кој има зголемување на плата на начин утврден со член 3 точка 7 од овој закон.
  • – Субвенционирање на придонеси може да користи работодавач за осигуреник за кој има зголемување на плата како разлика меѓу пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонеси и референтната основна плата исплатена од работодавачот во референтниот период.

Највисокиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата до 6.000 денари месечно по осигуреник. Најнискиот износ за кој се одобрува субвенција на придонес е зголемување на нето плата во износ од 600 денари месечно по осигуреник.

Постапката за ослободување ќе се врши преку МПИН системот со тоа што работодавачот  гo означува осигуреникот за коj бара субвенционирање на социјалните придонеси со посебна шифра која допрва ќе биде утврдена и врз основа на тоа Управата за јавни приходи врши контрола на МПИН пресметката  во однос на  условите и ја одобрува  Месечната пресметка за интегрирана наплата.

 

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување по основ на зголемена плата не може да остварат:

  • – органите на државната и на локалната власт и други државни органи основани согласно со Уставот и со закон,  институциите кои вршат дејности од областа на образованието, науката, здравството, културата, трудот, социјалната заштита и заштитата на детето, спортот, како и во други дејности од јавен интерес утврден со закон, а организирани како агенции, фондови, јавни установи и јавни претпријатија основани од Република Северна Македонија или од општините, од градот Скопје, како и од општините во градот Скопје;
  •  – приватна агенција за вработување за осигуреници кои се отстапени кај работодавачи од алинеја 1 на овој член;
  •  – работодавач  кој за осигуреникот користи ослободување од плаќање на придонеси од задолжително социјално осигурување согласно закон, за период додека го користи ослободувањето;
  •  – работодавач  кој за осигуреникот користи мерка за субвенција на плата преку Оперативниот план за активни програми и мерки за  вработување за периодот додека ја користи мерката и
  •  – работодавач кој за осигуреникот за кој побарува субвенционирање на придонеси му е доделена финансиска поддршка за нови вработувања согласно со Закон за финансиска поддршка на инвестиции.

Предлог Законот за субвенционирање на социјални придонеси од задолжително осигурување поради зголемување на плата може да го симните на следниот линк:

Предлог Законот за субвенционирање на социјални придонеси од задолжително осигурување поради зголемување на плата