ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧОТ ВО ВРСКА СО ЗАКОНОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА
Со Законот за безбедност и здравје при работа (“Службен весник на РМ” 92/07, 136/11, 23/13, 25/13, 137/13, 164/13, 158/14, 15/15 и 30/16) се се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при рaбота, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки за безбедност и здравје при работа. Целта Законот е да се воведат мерки кои ќе поттикнат подобрување на безбедноста и здравјето при работа.
Одредбите од Законот се применуваат во сите дејности на јавниот и приватниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионалните болести според прописите за пензиското, инвалидското и здравственото осигурување и за сите други лица кои се вклучени во работните процеси.
Одредбите од Законот не се применуваат во дејностите во кои со посебен пропис е регулирана оваа материја (вооружените сили, полицијата Царинската управа, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување), во спротивно безбедноста и здравјето на вработените при работа кај овие дејности треба да се обезбедат, колку што е можно повеќе, според целите на Законот.
Во овој напис ќе се осврнеме на обврските на работодавачите кои произлегуваат од Законот за бзбедност и здравје при работа.
Целиот е напис симнете го на следниот линк:
Прилог обрзецот од информативниот напис може да ги симнете тука: