Ивестување од УЈП: ДЕСКТОП АПЛИКАЦИЈА НА МОЈДДВ ЗА СКЕНИРАЊЕ И СТОРНИРАЊЕ НА ФИСКАЛНИ СМЕТКИ
Управата за јавни приходи, на ден 31.10.2019 година издаде соопштение во врска со новата десктоп апликација за скенирање и сторнирање на фискални сметки.
Управата за јавни приходи известува дека на следниот линк http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/206 може да се преземе Десктоп апликацијата и упатството за инсталација и користење којашто е наменета за скенирање и сторнирање на фискални сметки.
Со помош на оваа Десктоп апликација и приклучен баркод читач кон персонален компјутер, овластените лица во правните субјекти може да сторнираат фискални сметки.
Покрај мобилната апликацијата МојДДВ, Десктоп апликацијата е уште една можност за скенирање и сторнирање фискални сметки преку персонален компјутер на којшто е приклучен баркод читач.
Целото соопштение може да го прочитате на следниот линк: