Минимална плата 14.500 денари од декември 2019 – Изгласан предлог законот за изменување и дополнување на законот за минимална плата

ПРЕДЛОГ ЗАКОН ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ НА МИНИМАЛНА ПЛАТА

Минимална плата од 14.500 денари од декември 2019 година

 

Со  Законот за минимална плата во Република  Македонија („Службен весник на Република Македонија” бр. 11/12, 30/14, 180/14, 81/15, 129/15,  132/17 и 140/18 и  „Службен весник на Република Северна Македонија”  124/19),  се уредени висината на минималната плата, усогласувањето на истата,  инспекцискиот надзор, прекршочни одредби, финансиската поддршка за исплата на минималната плата  и сл. Согласно начинот на усогласување на минималната плата, истата од април 2019 година изнесува 17.943 денари – бруто, односно 12.507 денари  во нето износ. Покрај тоа, со Законот се обезбедува и финансиска поддршка на работодавачите кои исплатуваат плата во повисок износ од минималната плата. Овој вид на поддршка е предвидено да се обезбедува до крајот на 2019 година.

Со цел да се стимулира зголемување на платите на вработените во приватниот сектор, преку финансиска поддршка за работодавачите за  кои ќе изврши зголемување на платата на вработените, се наметна потребата и се предложи законско регулирање на мерка за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување како  финансиска поддршка од Буџетот на Република Македонија. Овој предлог Закон е сеуште во собраниска процедура и не е изгласан иако според првичните најави требаше да се применува за платата за месец октомври 2019 која ќе се исплати во ноември.

Висината на минималната плата изнесува 14.500  денари во нето износ, започнувајќи со исплатата на платата за месец декември 2019 година заклучно со исплатата на платата за месец март 2020 година.

Новата минимална плата ќе се применува за платата за декември 2019 година.

Со Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, покрај износот на минимална плата се вршат и следните измени:

Со членот 1 се менува членот 4 поради тоа што со предложениот закон се утврдува висина на минимална плата од месец декември 2019 година  заклучно со месец март 2020 година, со цел во месец март 2020 година да се примени системското решение на усогласување на минималната плата согласно утврдените критериуми  во Законот.    

Со членот 2 се врши усогласување на инспекцискиот надзор во случај на повторен прекршок за неисплатена минимална плата, со што се предвидува забрана за работа на работодавачот и се уредува жалбената  постапка против донесено решение за забрана за работа.

Со членот 3 се врши усогласување со Законот за инспекциски надзор во делот на претходна постапка со изрекување на опомена за сторен прекршок, начинот на издавање на прекршочен платен налог за сторен прекршок, како и  жалбената постапка во однос на донесените решенија како инспекциска мерка за изречена опомена или дадена наредба. 

Со членот 4 се врши усогласување на досегашните глоби за сторен прекршок согласно овој закон со новиот Закон за прекршоците  за микро и мали работодавачи, средни и големи работодавачи, како и одредување на глоба за истиот прекршок за одговорното лице во правното лице, работодавач – физичко лице и службено лице.  

Во членот 5 се уредува постапката и надлежноста за прекршоците утврдени согласно овој закон, како и постапката по прекршочните правни лекови  за донесените прекршочни одлуки од прекршочната комисија и надлежниот суд.

Во членот 7 е уредено дека начинот на усогласување на минималната плата ќе се врши секоја година во месец март а исплатата на усогласената плата ќе започне со платата за месец април.

Целиот текст на Законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата и пречистен текст од Законот за минимална плата може да симнете на следниот линк: