Донесен правилникот за пресметка на субвенционирана плата

ПРАВИЛНИКОТ ЗА НАЧИНОТ НА ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА СУБВЕНЦИОНИРАНО ЗГОЛЕМУВАЊЕ ОБЈАВЕН ВО СЛУЖБЕН ВЕСНИК НА РМ НА 26.11.2019

Во Службен весник на РМ бр. 244/19 од 26.11.2019 година, објавен е очекуваниот Правилник за начинот на пресметката на износот на субвенционирање за зголемена плата. Со овој правилник се пропишува начинот на пресметката на износот за субвенционирање и постапката за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување по основ на зголемување на плата (во натамошниот текст: субвенционирање на придонесите).

Според правилникот, при поднесување на Месечната пресметка за интегрирана наплата до Управата за јавни приходи, согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, од страна на обврзникот за пресметка и уплата на придонесите, (во натамошниот текст: обврзникот) се означува вработеното лице за кое се бара субвенционирање на придонесите, со внесување на шифра 404 во полето 3.23 од клиентскиот софтвер (МПИН).

Износот на субвенционирање на придонесите се пресметува автоматски преку
системот за интегрирана наплата на Управата за јавни приходи.

За осигуреникот за кој обврзникот внел шифра со која бара субвенционирање на
придонеси, се проверува исполнетоста на условите од Законот за субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата .

Доколку се исполнети условите, се проверува месецот и годината за која обврзникот за прв пат остварил право на субвенционирање на придонесите и врз основа на тој податок се проверуваат последователните месеци во кои осигуреникот кај истиот обврзник остварил единствено ефективни часови односно нема часови на надоместок за боледување, часови на терет на друг орган, како што се боледувања на терет на Фондот за здравствено осигурување на Република Северна Македонија.

Референтниот период се пресметува на ниво на осигуреник и тоа, три последователни месеци кои претходат на првиот месец на субвенционирање на
придонесите. Од референтниот период, се преземаат податоци за исплатени плати во референтниот период.

Доколку во одреден месец од референтниот период, осигуреникот остварил помал или поголем број на часови од вкупниот број на часови во месецот, во тој случај исплатената плата се одредува на ниво на плата соодветна на вкупен број на часови во месецот, а потоа се пресметува просек за референтниот период, за одредување на референтна основна плата.

Пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на
придонесите се споредува со пресметаната плата за референтниот период и се утврдува разликата на плата.

Доколку пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонесите е повисока од пресметаната плата за референтниот период, се смета дека е исполнет условот за зголемување на плата.

Доколку пресметаната нето плата за месецот за кој се побарува субвенционирање на придонесите е еднаква или помала од пресметаната плата за референтниот период, се смета дека не е исполнет условот за зголемување на плата.

Доколку обврзникот ги исполнува условите согласно Законот, од страна на Управата за јавни приходи преку Декларацијата за прием, се врши автоматско намалување на пресметаниот износ на обврската за социјални придонеси, за износот на одобреното субвенционирање на придонесите и се подготвува Збирен налог за плаќање намален за износот на одобреното субвенционирање на придонесите, кои се доставуваат збирно до Министерството за труд и социјална политика.

 Доколку обврзникот не ги исполнува условите согласно Законот, од страна на Управата за јавни приходи преку Декларацијата за прием со порака „предупредување“ се известува обврзникот за неисполнетоста на условите и причините за неодобрување на субвенционирањето на придонесите, и се потврдува пресметката на обврска за социјални придонеси без одобрено субвенционирање на придонесите.

Пресметката на износот на субвенционирање на придонесите се врши за утврденото зголемување на плата, при што износот на придонеси за субвенционирање се пресметува врз основа на утврдениот износ на зголемување на платата со соодветна примена на стапките на придонесите согласно Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, што важат за периодот за кој се побарува субвенционирањето на придонесите.

За брзо време ќе подготвиме Информативен напис со примери за пресметка на плата и пополнување на МПИН.

Правилникот може да го симните на следниот линк:

 

 

Погледнте ги годишните претплати на Smetkovoditeli.com.mk за добивање на е-вести од ваков тип на вашиот маил, консалтинг услуги од областа на сметководство, даноци и право, 12 месечни Информатори со новини и актуелности во сметководственото работење и слично.

 

Годишна претплата за 2020 - Smetkovoditeli.com.mk - за друштва и ТП за сметководствени услуги - 5.300 мкд/годишно

Со годишната претплата добивате: 12 месечни информатори, прирачник за годишна сметка и даночен биланс, консалтинг услуги како и пристап до најсовремената и најголема е-база на информации за сметководители, овластени сметководители,составена од книжења,податоци за плата, МДБ, уплатни сметки, шифри за плаќање, дневници за службени патувања, цени на гориво и слично, база на пречистенипрописи, база на теркови и обрасци, информативни написи , е-калкулатори за пресметка на плати и други надоместоци, каматни стапки, мдб и слично. Профил и реклама на вашето СБ во НАЈДИ СМЕТКОВОДИТЕЛ

Годишна претплата за 2020 - Smetkovoditeli.com.mk - компании/институции - 13.300 мкд/годишно

Со годишната претплата добивате: 12 месечни информатори, прирачник за годишна сметка и даночен биланс, консалтинг услуги како и пристап до најсовремената и најголема е-база на информации за сметководители, овластени сметководители,составена од книжења,податоци за плата, МДБ, уплатни сметки, шифри за плаќање, дневници за службени патувања, цени на гориво и слично, база на пречистенипрописи, база на теркови и обрасци, информативни написи , е-калкулатори за пресметка на плати и други надоместоци, каматни стапки, мдб и слично.