Предлог измени и дополнувања на Законот за сметководствени работи во собраниска процедура

ПРЕДЛОГ ИЗМЕНИ И ДОПОЛНУВАЊА НА ЗАКОНОТ ЗА ВРШЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВЕНИ РАБОТИ ВО СОБРАНИСКА ПРОЦЕДУРА

Измените на Законот за вршење на сметководствени работи се предлагаат со цел усогласување на одредбите од Законот во кои е содржано името на државата, како и усогласување на прекршочните одредби со Законот за прекршоци.

Со Предлог – законот се предлагаат следните измени на Законот за вршење на сметководствени работи:

се бришат одредбите кои се однесуваат на спроведување на испит за проверка на знаење за задржување на статус сметководител, односно статус овластен сметководител;

се бришат одредбите согласно кои Собранието на ИСОС го утврдува надоместокот за КПУ;

се бришат одредбите кои се однесуваат на надлежноста на Собранието на ИСОС со тарифник да ја утврдува висината на надоместокот за издавање на уверение за сметководител и овластен сметководител, надоместокот за издавање на лиценци за работа, висината на надоместокот за полагање на испит за признавање на професионална квалификација стекната во странство и надоместокот за КПУ;

На Институтот му се утврдува рок за превод на Меѓународни стандарди за финансиско известување и Меѓународен стандард за финансиско известување за мали и средни субјекти до 30 јуни 2020 година; 

Сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2017, 2018 или 2019 година ќе се смета дека го исполнил бројот на часови за континуирано професионално усовршување за периодот од три години, доколку посети 80% од бројот на часовите или 48 часови за сметководител односно 72 часови за овластен сметководител,  и тоа:

    • – до 31 декември 2019 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2017 година,
    • – до 31 декември 2020 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2018 година и
    • – до 31 декември 2021 година за сметководител, односно овластен сметководител кој започнал со посета на часови за континуирано професионално усовршување во календарската 2019 година.

 

Со предлог измените и дополнувањата на Законот исто така се вршат и следните измени:

  • – измена на новото уставно име на државата во текстот на Законот.
  •  
  • – намалување на висината на постојните глоби, притоа за утврдените прекршоци за трговец  поединец – сметководител, трговец  поединец – овластен сметководител и одговорно лице во друштвото за вршење на сметководствени работи глобата е во фиксен износ во висина уредена со Законот за прекршоците, а за прекршоците сторени од страна друштвата за вршење на сметководствени работи се уредуваат глоби во распон во зависност од големината друштвата за вршење на сметководствени работи и во висина на глобите уредени со Законот за прекршоците.

 

 

Целиот текст на предлог Законот може да го симнете на следниот линк: