Предлог закон за изменување на Законот за трговски друштва во собраниска процедура

ПРЕДЛОГ ИЗМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА – ОСНОВАЊЕ НА ДРУШТВО СО 1 ЕВРО ОСНОВАЧКИ ВЛОГ

Владата на Република Македонија до Собранието на РМ достави Предлог закон за измена и дополнување на Законот за трговски друштва. Целта на Предлог на законот е  да се овозможи основање друштво со ограничена одговорност со симболичен минимален износ на почетен основачки капитал од 1 евро, од страна на лица-граѓани кои имаат идеја за водење бизнис, но немаат доволно средства во износ од најмалку 5.000 евра основачки капитал, за да отпочнат сопствен бизнис. 

Со Предлог на законот се воведува нов тип друштво со ограничена одговорност, кој го носи насловот “Поедноставено друштво со ограничена одговорност-ПДОО“. Друштвото може да има најмногу до тројца основачи-физички лица, од кои еден е управител, односно член на органот на управување. Со оглед на тоа што станува збор за друштво со основна главнина од 1 евро, се предлага воведување посебен режим за финанисиско работење во однос на располагање со добивката, како и обезбедување и располагање со задолжителната резерва на друштвото.

Со Предлог на законот се врши усогласување со Законот за прекршоци, објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр.96 од 17.05.2019 год. Со Предлог на законот се овозможува намалување на износот на глобите за трговците, доколку согласно Законот за трговските друштва се класифицирани како микро и мали трговци, додека за останатите трговци, класифицирани како средни и големи, износот на глобата се предлага да биде зголемен. Воедно, значително се намалува износот на глобата за членови на орган на управување во акционерските друштва, доколку во конкретно определени случаи постапуваат спротивно на одредбите од Законот за трговските друштва, поради што се воведува мерка забрана за вршење должност во траење од една година, заедно со изречената глоба, доколку прекршокот биде повторно сторен од страна на членовите на органот на управување. 

Со бришење на членот 552-б од Законот за трговските друштва ќе се укине двојното санкционирање на трговските субјекти за недоставување годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, со тоа што на сила ќе останат прекршочните одредби од законот, кои за овој прекршок предвидуваат прекршочна санкција во форма на глоба за трговскиот субјект и одговорното лице, како и  привремена мерка забрана за вршење дејност и должност за трговскиот субјект и одговорното лице.

Со членовите 1, 2, 3 и 4 од Предлог на законот се воведува поедноставена форма на Друштво со ограничена одговорност, со основна главнина од 1 евро, основано најмногу со тројца основачи, кои можат да бидат само физички лица. За Поедноставеното друштво со ограничена одговорност се предвидени посебни правила од аспект креирање законска резрва и  располагање со добивката.

Со членовите  5, 6 и 7 од Предлог на законот се укинуваат причините за поведување постапка за бришење неактивен субјект од трговскиот регистар по службена должност од страна на Централниот регистар на Република Северна Македонија. Останува, единствено можноста за отпонување постапка за бришење неактивен субјект, доколку статусот “неактивен“ е утврден од страна на Управата за јавни приходи, три години по ред, согласно членот 477-а од Законот.

Со членот 8 од Предлог на законот се додава нов член 597-б, со кој се предлага издвојување и се прецизирање на надлежноста на Комисијата за хартии од вредност за поведување прекршочна постапка, доколку е сторен прекршок според членовите 606-б од Законот за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва (Службен весник бр.166/12) и членот 605-в од овој Закон. Оваа надлежност Комисијата и досега ја остваруваше согласно членот 605-б 24 став (2) и членот 605-в став (2) од Законот.

Останатите измени се однесуваат на намалување на износот на глобите за трговците, доколку согласно Законот за трговските друштва се класифицирани како микро и мали трговци, додека за останатите трговци, класифицирани како средни и големи, износост на глобата се предлага да биде зголемен.  Воедно, значително се намалува износот на глобата за членови на орган на управување во акционерските друштва, доколку во конкретно определени случаи постапуваат спротивно на одредбите од Законот за трговските друштва, поради што се воведува мерка забрана за вршење должност во траење од една година, доколку прекршокот биде повторно сторен од страна на членовите на органот на управување.  

По донесување на измената на Законот за трговски друштва, ќе подготвиме информативен напис.

Целиот текст на предлог законот симнете го тука: