НОВ МПИН – Бруто и нето плата и најниска и највисока основица за пресметка на придонеси

БРУТО ПЛАТА 2020 – НАЈНИСКА И НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТУВАЊЕ НА ПРИДОНЕСИ

Управата за јавни приходи го даде следното соопштение:

Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2020 година изнесува 38.319 денари.

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2020 година.

  • – Најниската основица за пресметка на придонесите за 2020 година изнесува 19.160,00 денари (50% од 38.319)
  • – Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 613.104,00 денари (16 x 38.319)
  • – Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 459.828,00 денари (12 x 38.319)

Новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН може да го симните на следниот линк: http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81).

Напомена:  Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2020 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.