МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ СО ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДАНОЧЕН БИЛАНС ЗА 2019 ГОДИНА
Министерството за финансии на РМ на 27.02.2020 година издаде краток информатор со одговор на некои дилеми во врска со составување и поднесување на даночен биланс за 2019 година. Во Информаторот се опфатени неколку прашања во врска со новините на законот за данок на добивка кои се применуваар за ДБ за 2019 година но и оние кои ќе започнат да се применуваат од 01.01.2020 година.
Целиот информатор од Министерство за финансии може да го преземете на следниот линк:
УЈП: ОБУКИ ЗА НАЧИН НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА “ДЛД-ДБ” И “Б” ЗА 2019 ГОДИНА
Воедно Ве известуваме дека за подрачјето на Скопје и Тетово, Управата за јавни приходи, денес на 28.02.2020 ќе одржи бесплатна обуката за „Начинот на поднесување на обрасците “ДЛД -ДБ” и “Б” преку e-pdd.ujp.gov.mk, за обврзниците од Скопје и Тетово ќе се одржи на ден 28.02.2020 година во Царинската управа (ул. Лазар Личеновски бр.13, Скопје).
Заинтересираните учесници, може да се пријават кај контакт лицето назначено за соодветната Регионална дирекција која Ве администрира како даночен обврзник.