УЈП: Продолжен рокот за ДДВ-04 до 31/03/2020

ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ДО 31 МАРТ 2020 ГОДИНА

 

Се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на образецот ДДВ-04 за даночниот период од 01.02.2020-29.02.2020 се продолжува до 31 март 2020 година.

Согласно препораките на Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки и активности за превенција од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус), Управата за јавни приходи информира дека крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата за даночниот период од 01.02.2020 до 29.02.2020 од 25.03.2020 се продолжува за 7 (седум) дена, односно краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 31.03.2020 година.

 

 

 

НАЧИН НА ПРЕДВРЕМЕНО ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИ АКОНТАЦИИ НА ДАНОКОТ НА ДОБИВКА (МДБ) ЗА 2020 ГОДИНА

 

Управата за јавни приходи исто така, со соопштение во насока на предвремено плаќање на месечните аконтации за данок на добивка (МДБ) за 2020 година, имајќи го предвид развојот на состојбите од ширењето на Ковид-19 (корона вирус) во Република Северна Македонија, а со цел придонес за поголема ликвидност на Буџетот на Република Северна Македонија.

Управата за јавни приходи ги информира сите даночни обврзници кои во духот на општествено одговорно работење однапред сакаат да ги уплатат аконтациите на данок на добивка за 2020 година, дека истото може да го сторат со пресметување на годишниот износ на обврската согласно евиденциите кои ги водат и исплатата да ја извршат на сметка (840-ххх-01076 и П.Ш. 711212). Предвремената уплата ќе се пребива со износот на месечните обврски по основ на данокот на добивка (МДБ) кои ќе бидат генерирани на месечно ниво.

Корисни информации: