Одлуки на влада објавени во СЛ Весник на РМ бр.76 од 24.03.2020

ОДЛУКИ НА ВЛАДА НА РМ ОБЈАВЕНИ ВО СЛ. ВЕСНИК НА РМ НА 24.03.2020 ГОДИНА

Владата на Реппублика Македонија донесе неколку Одлуки и  уредби со законска сила во контекст на кризата со вирусот Covid 19.

Во продолжение  ги објавуваме дел од нив, кои сметаме дека ќе се од наш интерес и интерес на нашите клиенти:

  • 1. Уредба со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба.

Според член 2 од истата:

Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.

Целата уредба може да ја симнете на линкот во прилог:

  • 2. Уредба со законска сила за примена на законот за oпштата управна постапка за време на вонредна состојба

Според член 2 од истата:

Роковите кои согласно Законот за општата управна постапка, освен во постапките за јавни набавки, се определени за преземање на одделни дејствија во постапката, односно роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
По исклучок од став 1 на овој член, овластеното службено лице, по молба на заинтересирано лице заради постоење на оправдани причини може да одлучи поинаку.

Целата уредба може да ја симнете на линкот во прилог:

  • 3. Одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало

Со оваа одлука се врши измена на веќе донесената одлука  за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, со што кон постоечката одлука се додаваат следните производи: потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати.

Воедно се додава и став во врска со оние компании кои увозот на овие производи го вршат по набавна цена која е повисока од утврдената максимална со одлуката.

За производите чија увозна цена е повисока од највисоката цена што се применувала на 11 март 2020 година, треба да се користи трговскатa маржа која ја применувале на 11 март 2020 година.

Воедно се менува и рокот на важност на оваа одлука од досегашниот рок до 30 април 2020 година се заменуваат со зборовите: „ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Целата Одлука може да ја симнете на линкот во прилог:

4. Одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материјал

Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозната давачка-царинската стапка при увоз на следните стоки – потрошен медицински материјал:

 Тарифна ознака

Наименувание

2207 10 00 00

Неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол

80% vol или повисока

2207 20 00 00

Етилалкохол и други алкохоли, денатурирани, со која и да било содржина на алкохол

2828 90 00 00

Друго

ex3004 90 00 00

Хидроксихлорокин (Hydroxycloroquine)

3401 11 00 00

Сапуни за тоалетна употреба (вклучувајќи ги производите со лековити материи)

3401 20 90 00

Други сапуни

3401 30 00 00

Органско површински активни производи и препарати за миење на кожа, во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун

3402 20 90 00

Детергенти

3402 90 90 00

Препарати за перење и препарати за чистење

3926 20 00 00

Пластична облека и прибор за облека (вклучувајќи наракавици, ракавици без прсти и ракавици со еден прст)

6307 90 92 00

Текстилни драперии за еднократна употреба, изработени од ткаенини од тар. број 5603, од вид кој се употребуваат при хируршки процедури

6307 90 98 00

Маски пластични со текстилен филтер

9004 90 10 00

Очила со стакла од пластични маси

Овие стоки се увезуваат заклучно со завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.

Целата Одлука може да ја симнете на линкот во прилог: