ОДЛУКИ НА ВЛАДА НА РМ ОБЈАВЕНИ ВО СЛ. ВЕСНИК НА РМ НА 24.03.2020 ГОДИНА
Владата на Реппублика Македонија донесе неколку Одлуки и уредби со законска сила во контекст на кризата со вирусот Covid 19.
Во продолжение ги објавуваме дел од нив, кои сметаме дека ќе се од наш интерес и интерес на нашите клиенти:
- 1. Уредба со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба.
Според член 2 од истата:
Над стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Сите започнати постапки, како претходна постапка за отворање на стечајна постапка и отворање на стечајната постапка над стечајниот должник, се одложуваат за време на траењето на вонредната состојба, како и три месеци по престанокот на траењето на вонредната состојба.
Целата уредба може да ја симнете на линкот во прилог:
- 2. Уредба со законска сила за примена на законот за oпштата управна постапка за време на вонредна состојба
Според член 2 од истата:
Роковите кои согласно Законот за општата управна постапка, освен во постапките за јавни набавки, се определени за преземање на одделни дејствија во постапката, односно роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат за време на траењето на вонредната состојба и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
По исклучок од став 1 на овој член, овластеното службено лице, по молба на заинтересирано лице заради постоење на оправдани причини може да одлучи поинаку.
Целата уредба може да ја симнете на линкот во прилог:
3. Одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало
Со оваа одлука се врши измена на веќе донесената одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало, со што кон постоечката одлука се додаваат следните производи: потрошен медицински материјал, медицинска опрема и апарати.
Воедно се додава и став во врска со оние компании кои увозот на овие производи го вршат по набавна цена која е повисока од утврдената максимална со одлуката.
За производите чија увозна цена е повисока од највисоката цена што се применувала на 11 март 2020 година, треба да се користи трговскатa маржа која ја применувале на 11 март 2020 година.
Воедно се менува и рокот на важност на оваа одлука од досегашниот рок до 30 април 2020 година се заменуваат со зборовите: „ќе важи до завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.
Целата Одлука може да ја симнете на линкот во прилог:
- Одлука за изменување и дополнување на одлуката за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало
- Одлука за определување на највисоките цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало (Сл. Весник 70 од 19.03.2020)
4. Одлука за укинување на увозната давачка – царинската стапка за потрошен медицински материјал
Со оваа одлука се пропишува мерка за укинување на увозната давачка-царинската стапка при увоз на следните стоки – потрошен медицински материјал:
Тарифна ознака | Наименувание |
2207 10 00 00 | Неденатуриран етилалкохол со содржина на алкохол 80% vol или повисока |
2207 20 00 00 | Етилалкохол и други алкохоли, денатурирани, со која и да било содржина на алкохол |
2828 90 00 00 | Друго |
ex3004 90 00 00 | Хидроксихлорокин (Hydroxycloroquine) |
3401 11 00 00 | Сапуни за тоалетна употреба (вклучувајќи ги производите со лековити материи) |
3401 20 90 00 | Други сапуни |
3401 30 00 00 | Органско површински активни производи и препарати за миење на кожа, во форма на течност или крем и приготвени за продажба на мало со или без содржина на сапун |
3402 20 90 00 | Детергенти |
3402 90 90 00 | Препарати за перење и препарати за чистење |
3926 20 00 00 | Пластична облека и прибор за облека (вклучувајќи наракавици, ракавици без прсти и ракавици со еден прст) |
6307 90 92 00 | Текстилни драперии за еднократна употреба, изработени од ткаенини од тар. број 5603, од вид кој се употребуваат при хируршки процедури |
6307 90 98 00 | Маски пластични со текстилен филтер |
9004 90 10 00 | Очила со стакла од пластични маси |
Овие стоки се увезуваат заклучно со завршувањето на траењето на вонредната состојба на територијата на Република Северна Македонија.
Целата Одлука може да ја симнете на линкот во прилог: