Финансиска поддршка за самостојни вршители на дејност погодени од кризата

ДОНЕСЕНА УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ПОГОДЕНИ ОД ЗДРАВСТВЕНО-ЕКОНОМСКАТА КРИЗА ПРЕДИЗВИКАНА ОД КОРОНАВИРУСОТ COVID-19 ЗА ВРЕМЕ
НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Владата на РМ ја донесе уредбата за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата за време на вонредна состојба. Уредбата беше објавена во Службен Весник на РМ бр. 92/2020 од 06.04.2020 година.

Со оваа уредба со законска сила се уредуваат условите, начинот и постапката за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, за месеците април и мај 2020 година.

Во контекст на оваа Уредба:

„Физичко лице кое врши самостојна дејност“ е трговец поединец, физичко лице кое врши земјоделска дејност, лице кое врши занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар.

За финансиската поддршка на физичко лице кое врши самостојна дејност, Владата на Република Северна Македонија донесува Програма за финансиска поддршка на физичките лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, за исплата на финансиски средства на трансакциска сметка преку која физичкото лице – барател на финансиска поддршка за исплата на финансиските средства за месеците април и мај 2020 година, врши трансакции за дејноста (во натамошниот текст: физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка).

Предмет на финансиска поддршка е исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14.500 денари месечно за физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка.

Постапка за добивање на финансиска поддршка

Физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства до Управата за јавни приходи, кое е дадено во Прилог и е составен дел на уредбата.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, го поднесува барањето преку системот е-pdd на Управата за јавни приходи до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од три дена од денот на приемот на Барањето.

Кон Барањето, физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по
вистински доход – барател на финансиска поддршка дава Изјава за исполнетоста на условите од ставот (4) на овој член и членовите 4 и 5 од оваа уредба со законска сила, а физичко лица кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход дава Изјава за исполнетоста на условите од членовите 4 и 5 од оваа уредба со законска сила.

За користење на финансиската поддршка, физичкото лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, а се оданочува според вистински
доход треба да ги исполни следните услови:

  1. намалувањето на вкупните приходи на физичкото лице од вршење на самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, во месец март 2020 година да изнесува повеќе од 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност во 2019 година,
  2. за физичко лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка кое е запишано во соодветен регистар (основан) после месец март 2019 година, вкупните приходи од самостојна дејност, за месец април 2020 година или месец мај 2020 година да се помали за најмалку 30% во однос на месечниот просек на вкупните приходи остварени од самостојна дејност од денот на запишувањето во соодветен регистар во 2019 година и месеците јануари и февруари 2020 година.
  3. за физичко лице кое врши самостојна дејност – барател на финансиска поддршка, кој врши дејност од сезонски карактер, намалувањето на просечните приходи од самостојна дејност за последниот сезонски период
    од четири месеци споредено со просечните приходи од самостојна дејност за сезонскиот период од истите четири месеци во претходната година да изнесува повеќе од 30%.
Кој не може да оствари финанскиска поддршка?

Финансиската поддршка не може да оствари физичко лице вршител на самостојна дејност кое се оданочува по вистински доход и кое во 2019 година на годишно ниво има остварено нето доход пред оданочување во износ поголем од 478.800 денари, односно физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и кое во 2019 година има утврден годишен паушален нето доход поголем од 478.800 денари.

Исплата на финансиските средства и услови кои треба да се исполнат по добиената исплата

НАПОМЕНА: За времетраење на финансиската поддршка согласно со оваа уредба со законска сила и четири месеци по престанувањето на важењето на оваа уредба со законска сила, физичкото лице кое врши самостојна дејност – корисник на финансиска поддршка не може да престане со вршење на дејноста, освен во случај на пензионирање и смрт на физичкото лице.

Износот на финансиска поддршка од членот 2 став (2) од оваа уредба со законска сила, се исплатува до 13- ти во месецот за претходниот месец согласно со Програмата за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено – економската криза предизвикана од Коронавирусот COVID-19, на трансакциска сметка преку која физичкото лице кое врши самостојна дејност врши трансакции за дејноста, за исплата на финансиски средства за месеците април и мај 2020 година, согласно со известувањето на Управата за јавни приходи.

За исплата на финансиската поддршка од ставот (1) на овој член физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход – барател на финансиска поддршка треба да ги исполни условите од членот 3 став 4 и членовите 4 и 5 од оваа уредба, а физичко лица кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход треба да го исполни условите од членовите 4 и 5 од оваа уредба.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност и кое користело финансиска поддршка за исплата на финансиски средства согласно оваа уредба со законска сила должен е да ги врати добиените финансиски средства во целост, заедно со камата за јавни давачки, доколку по извршена контрола од страна на Управата за јавни приходи и/или Државниот инспекторат за труд се утврди дека физичкото лице кое врши самостојна дејност не ги исполнил условите од членот 3 став (4), членот 4 и членот 5 од оваа уредба со законска сила.

Физичкото лице кое врши самостојна дејност и се оданочува по вистински доход – барател на финансиска поддршка кое го искористило правото на финансиска поддршка, согласно оваа уредба со законска сила должен е примените финансиски средства да ги врати во Буџетот на Република Северна Македонија, но најмногу до износот од 50% од износот на искажаниот финансиски резултат за 2020 година, пред оданочување во Билансот на приходи и расходи (образец Б), зголемен за непризнаените расходи за даночни цели од Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност.

Враќањето на износот ќе се изврши на три месечни рати, без камата, во месеците април, мај и јуни 2021 година.

Оваа уредба со законска сила влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија“, односно на ден 06.04.2020 година.

Уредбата може да ја симните на следниот линк:

Сите Уредби со Законска сила, како и оваа Уредба може да ги видите во нашата Е-база во делот Е-ПРОПИСИ.