ИНФОРМАЦИЈА НА УЈП ВО ВРСКА СО БAРАЊЕ ЗА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА ИСПЛАТА НА ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА НА ФИЗИЧКИ ЛИЦА КОИ ВРШАТ САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ
Управата за јавни приходи на 04.05.2020 година излезе со соопштение за Образецот за поднесување на барање на финансиска 14500 за самостојни вршители на дејност. Во продолжение ви го пренесуваме во целост Соопштението на УЈП.
Согласно “Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за време на вондредна состојба” („Службен весник на РСМ“, бр.92/2020), физичките лица кои вршат самостојна дејност (трговец поединец,, лице кое врши земјоделска, занаетчиска дејност и лице кое врши услуги, кое остварува доход од вршење дејност и е запишано во соодветен регистар) погодени од здравствено – економската криза, под одредени услови , имаат можност да користат финансиска поддршка за месеците април и мај 2020 година, во износ од 14 500 денари месечно.
За остварување на правото, физичкото лице кое врши самостојна дејност поднесува Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност образец БФС-СВД до Управата за јавни приходи.
Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок – опција Доход од вршење самостојна (види слика 1) дејност до 5-ти во месецот за претходниот месец, а комплетноста на Барањето го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 3 дена од денот на доставувањето на барањето.
Слика 1)
Доколку барателот е физичко лице кое врши самостојна дејност и се оданочува според утврден годишен паушален нето доход и нема кориснички профил во е-Даноци, за да може да го поднесе барањето треба да се најави на системот е-Персонален данок со корисничкото име и лозинка кои ги користи како физичко лице. Доколку не е корисник ниту на системот е-Персонален данок, за да може да поднесе барање БФС-СВД треба да се регистрира како корисник на системот е-Персонален данок.
Со оглед на краткиот рок за поднесување на барањето БФС-СВД, Управата за јавни приходи ги известува обврзниците дека ќе ги има во предвид ограничените капацитети и ресурси на обврзниците поради мерките за справување со коронавирусот COVID-19, како и целокупната состојба во стопанството, по однос на крајниот рок за поднесување на образецот.
Корисни информации:
- Уредба со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од коронавирусот COVID-19 за време на вондредна состојба
- Барање за финансиска поддршка за исплата на финансиски средства на физички лица кои вршат самостојна дејност БФС-СВД
- Граѓани – навреме регистрирајте се на системот е-персонален данок e-pdd.ujp.gov.mk