УПРАВАТА ЗА ЈАВНИ ПРИХОДИ ГИ ИЗВЕСТУВА ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА ДА ГИ ПРОВЕРАТ ГОДИШНИТЕ ДАНОЧНИ ПРИЈАВИ ЗА 2019 ГОДИНА
Управата за јавни приходи ги подготви и до граѓаните ги достави Годишните даночни пријави за 2019 година. УЈП ги повикува регистрираните корисници на системот „е-Персонален данок“ да извршат увид во Годишната даночна пријава за 2019 година преку своите кориснички профили.
Физичките лица може да ја потврдат или коригираат Годишната даночна пријава за 2019 година, најдоцна до истекот на крајниот рок 31.05.2020 година.
По истекот на законскиот рок на 01.06.2020 година, Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни даночни пријави, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана, а службено ќе бидат потврдени и оние Годишните даночни пријави, кои од страна на физичко лице не се ниту потврдени, ниту коригирани.
Годишната даночна пријава за 2019 година која граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава, ќе биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи.
Доколку службеното лице не ја одобри пријавата ќе следи донесување на Решение за утврдување на данокот на доход за 2019 година.