Протокол за работа на угостителски објекти

ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ ОБЈЕКТИ

Владата на Република Северна Македонија, на 57-мата седница, одржана на 26 мај 2020 година, донесе Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус КОВИД-19, со која од 28 мај 2020 година може да отпочнат со работа кафетериите и угостителските објекти со посетители во отворените делови на овие објекти (тераси), со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на кафетерии и на Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана, утврдени од страна на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство.

Протоколот за отворање и работа на кафетерии е следниот:

1.Ограничено работно време од 08:00 до 22:00 часот
2. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат
заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце
3. Се дозволува работа само на отворените делови (тераси) од кафетериите кои се
отворени од три страни, со кровна конструкција
4. Се ограничува бројот на гости, само на тие кои може да седат
5. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси
6. Задолжително менаџирање при влегување на гостите од одредено одговорно лице
пред влезот на угостителскиот објект
7. Во просторот за послужување на гости, каде има поставено маси, да се обезбеди
растојание од столче до столче од 1,5-2м со соседните маси во сите правци
8. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат
максимум две лица
9. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица
доколку се од исто семејство
10. Задолжително поставување дезинфекционо средство за раце на секоја маса
11. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за
одржување на лична хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием
и послужување на пијалоци
12. Засилени санитарно-хигиенски мерки, задолжително пребришување на масите со
средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот,
по заминување на секоја тура на гости
13. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство
кое делува на вируси
14. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за
спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства
15. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење
на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба
16. Забрането организирање на прослави (веселби, родендени и сл.)

Протоколот за отворање и работа на угостителските објекти за исхрана е следниот:

1.Ограничено работно време од 08:00 до 22:00 часот
2. Вработените во угостителскиот објект кои послужуваат задолжително носат
заштитни маски и зачестено одржуваат хигиена на раце
3. Се дозволува работа само на отворените делови од угостителсите објекти за исхрана
со послужување, отворени од три страни, со кровна конструкција
4. Се ограничува бројот на гости, ќе се послужуваат само гости кои може да седат и
лица кои преку шалтер ќе подигнуваат нарачки
5. Не е дозволено послужување на гости на стоење на шанк и стоечки маси
6. Задолжително менаџирање на влегување на гостите. Одредено одговорно лице пред
влезот на угостителскиот објект
7. На отворениот простор за послужување на гости каде има поставено маси, да се
обезбеди растојание од столче до столче од 1,5-2м со соседните маси во сите правци
8. На една маса со четири столици може да седат и да се послужуваат
максимум две лица
9. На една маса со четири столици може да се послужуваат четири лица
доколку се од исто семејство
10. Дозволен е маскимален број на 12 лица на споени маси заедно со задолжително
растојание помеѓу секој гостин од 1,5м
11. Задолжително поставување дезинфекционо средство за раце на секоја маса
12. Засилени внатрешни контроли на вработените лица од страна на одговорно лице за
одржување на лична хигиена (често миење раце) во сите фази на подготовка, прием
и послужување на храна
13. Засилени санитарно-хигиенски мерки, пребришување на масите со средство
за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот при
заминување на гостите од секоја маса
14. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство
кое делува на вируси
15. Забрането е користење на сушачи за раце во тоалетите и задолжително користење
на хартиени бришачи за раце за еднократна употреба
16. Забрането организирање на прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.)