ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ДОСТАВА НА РЕВИДИРАНИТЕ ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ ДО ЦЕНТРАЛЕН РЕГИСТАР

ВЛАДАТА НА РМ НА 29.05.2020  ДОНЕСЕ ИЗМЕНА НА УРЕДБА СО ЗАКОНСКА СИЛА ЗА ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА ТРГОВСКИ ДРУШТВА ЗА ВРЕМЕ НА ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Владата на Република Македонија на седницата одржана на 29.05.2020 година донесе Уредба за измена на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба.

Во написот во продолжение ви го претставуваме консолидираниот текст на Уредбата за примена на законот за трговски друштва во време на вонредна состојба ( Сл. Весник на РСМ бр. 123/20 и 140/20).

Со Уредбата се донесе следното:

За веродостојни сметководствени документи врз основа на кои се водат трговските книги се сметаат и скенирани документи доставени по електронски пат.

Според донесената одредба на уредбата, за времетраење на вонредната состојба сите издадени документи кои се скенирани и доставени во електронска форма ќе претставуваат релевантен и веродостоен сметководствен документ, кој може сметководствено да се евидентира и врз основа на кој може да се водат трговските книги на друштвата.

Рокот за усвојување на ревидираните финанисиски извештаи од страна на собирот на содружници, односно собранието на друштво, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и друштва кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.

Рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, со исклучок на друштвата чии хартии од вредност котираат на берза и на друштвата кои согласно Законот за хартии од вредност се со посебни обврски за известување, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија, престанува да тече за време на траењето на вонредната состојба и продолжува по престанокот на траењето на вонредната состојба, за онолку денови колку што траела вонредната состојба.

Според оваа одредба од Уредбата за примена на Законот за трговски друштва, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, се продолжува за времетрењето на вонредната состојба.

Првата вонредна состојба е прогласена на 18 март 2020 година со Одлука на претседателот на РСМ а според последната негова одлука вонредната состојба ќе трае до 13 јуни 2020 година. Вкупното времетраење на вонредната состојба би било 88 дена.

Доколку се земе во предвид времетраењето на вонредната состојба, досегашниот рок за доставување на финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговор од 30.06.2020 година се продолжува за 88 денови односно до 26.09.2020 година а доколку вонредната состојба се продолжи повторно, рокот ќе се продолжи за онолку денови за колку ќе трае вонредната состојба.

 

Глобал Гроуп Консалтинг  е регистрирано друштво за ревизија со Лиценца од Советот за унапредување и надзор на ревизијата и член на Институтот на овластени ревизори на Република Македонија.

Прочитајте повеќе ТУКА: