Рокот за поднесување на одобрени финансиски извештаи до ЦРМ продолжен до 10.05.2020 година

Централен регистар објави соопштение за рокот за доставување на одобрени финансиски извештаи со годишниот извештај за работа до ЦРМ

 

Во профолжение го проследуваме соопштението во целост:

Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 29 мај 2020 година, донесе Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за примена на Законот за трговски друштва за време на вонредната состојба, објавена во Сл.весник бр.140/20 од 29.05.2020 година.

Согласно Уредбата, рокот за доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа, ревидираната годишна сметка, односно ревидираните финансиски извештаи за 2019 година, за големите и средни трговци организирани како акционерски друштва и за големите и средни трговци организирани како друштва со ограничена одговорност, до Регистарот на годишни сметки при Централниот регистар на Република Северна Македонија е продолжен до 05.10.2020 година.