УЈП: ПОСТАВЕНИ СЕ ОБРАЗЕЦОТ ДД-ОМА/1 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИИ ЗА МБД И ОБРАЗЕЦОТ ДЛД-ОМА/1 ЗА АКОНТАЦИИ ЗА ДЛД

ПОСТАВЕН Е ОБРАЗЕЦОТ ДД-ОМА/1 ЗА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА АКОНТАЦИИ ЗА ДАНОК НА ДОБИВКА И ПРОЛОНГИРАН Е РОКОТ ЗА НЕГОВО ПОДНЕСУВАЊЕ ДО 14 ДЕКЕМВРИ

 

Управата за јавни приходи известува дека на Е-ДАНОЦИ е поставен образецот ДД-ОМА/1. Согласно измените во Законот за данок на добивка објавен во Службен Весник на РСМ, бр. 290 од 07.12.2020 година обврзниците на данокот на добивка кои имаат претрпено штети во своето работење поради ширење на корона-вирусот COVID-19, имаат право на ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

 

Користењето на ова право се однесува на даночните обврзници кои ги исполнуваат следниве услови:

  • даночниот обврзник-работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на аконтациите во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените,
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година или – даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

 

За остварување на ова право даночните обврзници поднесуваат барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на добивка образец ДД-ОМА/1 до Управата за јавни приходи најдоцна до петти наредниот месец за месецот за којшто обврзникот бара ослободување од плаќање на аконтации на данокот на добивка за временскиот период за кој побаруваат ослободување. Со цел да овозможи даночните обврзници да поднесат барања за ослободување од плаќање на месечни аконтации и за месец ноември 2020 година, рокот за поднесување на образецот ДД-ОМА/1 се продолжува до 14 декември 2020.


Поднесувањето на барањето образец ДД-ОМА/1 се врши преку системот „е-Даноци“ на Управата за јавни приходи, а Управата за јавни приходи ја потврдува комплетноста во рок од десет дена од денот на доставување на барањето.

Даночниот обврзник кој го искористил правото на ослободување од плаќање на аконтации за данок на добивка а не ги исполнил условите за тоа согласно Законот за данок на добивка, има обврска да ги плати месечните аконтации на данокот на добивка што не ги платил, и камата согласно со Законот за даночна постапка.

 

 

ВРШИТЕЛИ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ ПОДНЕСЕТЕ ДЛД-ОМА/1 И OСТВАРЕТЕ ГО ПРАВОТО НА ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ
ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

ОСЛОБОДУВАЊЕ ОД ПЛАЌАЊЕ НА МЕСЕЧНИТЕ АКОНТАЦИИ НА ДЛД ОСТВАРЕН ОД ВРШЕЊЕ НА САМОСТОЈНА ДЕЈНОСТ

Пристапот до Барањето за потполнување и поднесување можете да го пронајдете во главното мени во Доход од вршење самостојна дејност/ДЛД-ОМА/1*

Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници кои остваруваат доход од вршење на самостојна дејност, дека на системот ,,е- Персонален данок,, е поставено Барањето за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход.

Користењето на правото се однесува на даночните обврзници кои остваруваат доход од самостојна дејнoст, а кои имаат претрпено штети во своето работење поради спроведување на мерките за спречување на внесување и ширење на COVID-19 на Владата на Република Северна Македонија доколку ги исполнуваат следните услови

  • даночниот обврзник – работодавач да не го намали бројот на вработени за времетраење на користењето на ослободувањето од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност во однос на бројот на вработени заклучно со 30 ноември 2020 година, освен во случаите на смрт, пензионирање или отказ од страна на вработените;
  • вкупните приходи од редовното работење на даночниот обврзник да се намалени за најмалку 30% во периодот април – септември 2020 година во однос на приходите од редовно работење во периодот април – септември 2019 година, и/или даночниот обврзник да затворил најмалку 50% од продажните места преку кои го остварува прометот (подружници, продажни објекти).

За остварување на правото, даночните обврзници поднесуваат Барање за ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност(образецот ДЛД-ОМА/1) до Управата за јавни приходи, најдоцна до 5-ти наредниот месец за месецот за кој што обврзникот бара ослободување од плаќање на месечните аконтации на данокот на личен доход остварен од вршење на самостојна дејност за месеците ноември и декември 2020 година, како и за јануари и февруари 2021 година.

Поднесувањето на барањето се врши преку системот е-Персонален данок https://e-pdd.ujp.gov.mk, а комплетното барање го потврдува Управата за јавни приходи, во рок од 10 дена од денот на доставувањето на барањето. Поднесувањето на барањето за месец ноември ќе биде дозволено заклучно со 14.12.2020 година.