Личното ослободување за 2021 изнесува 8.438 денари

ДАНОЧНО НАМАЛУВАЊЕ ЗА ДАНОК НА ЛИЧЕН ДОХОД ЗА 2021 ГОДИНА ИЗНЕСУВА 8.438,00 ДЕНАРИ

Според објавата на Министерството за финансии во Службен Весник на РСМ бр. 299/20 од 17 декември 2020 година:


1. Даночното намалување утврдено во член 10 став (2) од Законот за данокот на личен доход, за 2021 година на годишно ниво, изнесува 101.256,00 денари.


2.Даночното намалување по основ на доход од работа од плата, надоместоци на плата и пензија, месечно се утврдува во износ од 8.438,00 денари, согласно со член 17 став (2) од Законот за данокот на личен доход.