УЈП ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ДДВ-04 ДО 27 ОКТОМВРИ 2021

УЈП ГО ПРОДОЛЖИ РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТА ДДВ-04 ДО 27 ОКТОМВРИ 2021
Блог написи
Почитувани,
Ве известуваме дека Управата за јавни приходи го продолжи рокот за доставување на ДДВ 04 пријавите до 27.10.2021 година.
Ви го пренесуваме нивното официјално соопштение во целост:

Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2021 година.