ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 АПРИЛ 2022

ПРОДОЛЖЕН РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА  ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 АПРИЛ 2022
Блог написи
УЈП  СООПШТИ ДЕКА СЕ ПРОДОЛЖУВА РОКОТ ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДДВ-04 ПРИЈАВАТА ДО 27 АПРИЛ 2022

Согласно Законот за даночна постапка, во услови на ограничени човечки и временски ресурси и намалени капацитети кај даночните обврзници, а со оглед на тоа дека се очекува поднесување на даночни пријави за даночен период од 01-01.2022 – 31.03.2022 и за 01.03.2022 – 31.03.2022 година од месечните и тримесечните обврзници за ДДВ, со цел одбегнување на отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека се продолжува рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава.

Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.04.2022 односно 26.04.2022 поради Велигденските празници) се продолжува за 1 (еден) работен ден, односно за краен рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.04.2022 година.