15-ти Јануари е последниот рок за  уплата на надоместок од 2% од приходот остварен во недела во текот на 2022 година

15-ти Јануари е последниот рок за  уплата на надоместок од 2% од приходот остварен во недела во текот на 2022 година
Блог написи

15-ти Јануари е последниот рок за  уплата на надоместок од 2% од приходот остварен во недела и празници во текот на 2022 година

Според член 25 став 6 од Законот  за трговија (Службен весник на Република Македонија бр 16/04 …150/22),

  • продавниците на бензиски станици во чии рамки се врши трговија на мало претежно со храна, пијалоци и тутун и
  • продавници, киосци и штандови во трговски центри (молови) кои ги исполнуваат минимално техничките услови, за да можат да работат во ден недела и на празници,

откако ќе го пријават работното време за работа во ден недела и на празници треба до 15 јануари 2023 година,  да уплатат надоместок во висина од 2% од приходот остварен во ден недела и на празници во 2022 година.

Средствата од уплатата се наменети во Фонд за развој и човечки капитал. Одредбата за надоместок во висина од 2% ќе важи од 1 јануари 2023 година, а ќе се пресметува на вкупниот приход остварен во ден недела и на празници во 2022 година.

Уплатата на надоместокот треба да се изврши до 15 јануари 2023 година на образец (ПП50), и секоја наредна година последователно на вкупниот приход остварен во претходната година.

Во прилог теркот на образецот (ПП50):


Уплатница 2% – од приход од работа во недела и празници