15-ти Јануари – Последен рок за достава на евидентен лист и уплата на надоместок за биоразградливи кеси

15-ти Јануари – Последен рок за достава на евидентен лист и уплата на надоместок за биоразградливи кеси
Блог написи

15-ти Јануари – последен рок за достава на евидентен лист и уплата на надоместок за биоразградливи кеси за транспорт за стоки за последен квартал од 2022 година

Како што ви е познато, согласно  Законот за управување со пакување и отпад од пакување, превиден надоместок за биоразградливите кеси за транспорт на стоки кој што од страна на трговците треба да се прибира и уплаќа на квартална основа.

За последниот квартал од 2022 година, извештајот за евиденцијата и уплатата на надоместоците треба да се достават до Министерството за животна средина и просторно планирање до 15 јануари 2023г.

Терк за извештај може да симнете на следниот линк:


Терк-Евиденцијата-за-бројот-на-продадени-кеси-за-носење-на-продажно-место-која-ја-водат-трговците


Евидентниот лист, со копија на уплатницата за уплатени надоместоци треба да се испратат по пошта или да се достават лично до Архивата на МЖСПП на адреса:

Министерство за животна средина и просторно планирање /Сектор отпад

Плоштад „Пресвета Богородица“ бр. 3

1000 Скопје 

Надоместокот кој што се наплаќа е со вредност од 15 денари. Надоместокот кој трговецот треба да го уплати на сметка на Министерството за животна средина и просторно планирање е без вредноста која останува по пресметката на ДДВ што се уплаќа согласно Законот за данокот на додадена вредност.

Податоци за сметката: Надоместок за биоразградливи кеси за транспорт на стока

Назив на примачот – Буџет на РСМ

Банка на примачот – Народна банка на РСМ
Сметка – единствена трезорска сметка 100000000063095
Сметка на буџетски корисник – единка корисник – 121011520263110
Приходна шифра и програма – 718159 26