ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА ЗА 2023 ГОДИНА – НОВА ВЕРЗИЈА НА КЛИЕНТСКИ СОФТВЕР “МПИН“
Стапки на придонесите од задолжително социјално осигурување
Врз основа на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, стапките по кои се пресметуваат и плаќаат придонесите од задолжително социјално осигурување почнувајќи со исплата на платата за месец Јануари 2023 се следните (види http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/641)
Вид на придонес | Стапка 2023-2020 |
Стапка 2019 |
Стапка 2018-2010 |
Стапка 2009 |
||||||||
Задолжително пензиско и инвалидско осигурување | 18,8% | 18,4% | 18% | 19% | ||||||||
Задолжително здравствено осигурување | 7,5% | 7,4% | 7,3% | 7,5% | ||||||||
Дополнителен придонес за здравствено осигурување за случај на повреда на работа и професионално заболување |
0,5% | 0,5% | 0,5% | 0,5% | ||||||||
Задолжителен придонес за осигурување во случај на невработеност | 1,2% | 1,2% | 1,2% | 1,4% |
Придонес за стажот на осигурување што се смета со зголемено траење |
Стапка 2023-2020 |
Стапка 2019 |
Стапка 2018-2011 |
Стапка 2010 |
Стапка 2009 |
||||
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 18 месеци | 9,4% | 9,20% | 9% | 9% | 9,50% | ||||
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 17 месеци | 7,83% | 7,67% | 7,5% | 7,5% | 7,92% | ||||
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 16 месеци | 6,27% | 6,13% | 6% | 6% | 6,33% | ||||
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 15 месеци | 4,7% | 4,60% | 4,5% | 4,5% | 4,75% | ||||
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 14 месеци | 3,13% | 3,07% | 3% | 3% | 3,17% | ||||
12 месеци што се сметаат во стаж на осигурување како 13 месеци | 1,57% | 1,53% | 1,5% | 1,77% | 1,77% |
Даночно намалување
Почнувајќи со исплатата на платата за месец Јануари 2023 година, ќе се применува даночно намалување во следниот износ:
- Даночното намалување при годишно пресметување на данокот на доход во износ од 108.456,00 денари.
- Даночното намалување при исплата на доход од работа по основна плата, надоместоци на плата и пензија, на месечно ниво во износ од 9.038,00 денари (види http://www.ujp.gov.mk/mk/plakjanje/licno_osloboduvanje).
Нова верзија на клиентски софтвер
За да можете да ја поднесете пресметката за плата за месец Јануари 2023 година, задолжително преземете ја најновата верзија на “МПИН“ клиентскиот софтвер (од 03.01.2023 година), преку веб страницата на УЈП (преземи).
Пресметката за плата МПИН доставете ја преку интернет на следната е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk
При поднесување на образецот МПИН за повеќе даночни обврзници, ве молиме пресметките за плата да ги поднесувате, одделно, за секој даночен обврзник. Исто така, веќе еднаш поднесената пресметка за плата не ја праќате повторно преку е-пошта:celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на УЈП. Декларацијата и Налогот заплаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата..
Поднесување пресметки за минат период и исправка на пресметки
Доколку поднесувате пресметка за плата која се однесува на минат период од 2009 до 2022 година, или пак вршите исплата по основ на деловна успешност или исправка на пресметка за плата за овој период, потребно е да ги користите стапките на данок на личен доход, стапките на придонеси од задолжително социјално осигурување и даночното ослободување кои важат за тој период согласно Законот
НАЈВИСОКА ОСНОВИЦА ЗА ПРЕСМЕТКА НА ПРИДОНЕСИ | ||
Период | Највисока основица за правни лица | Највисока основица за СВД |
2009 до 2011 година | ЧЕТИРИ просечни месечни плати | |
2012 до 2014 година | ШЕСТ просечни месечни плати | |
ЈАНУАРИ и ФЕВРУАРИ 2015 година | Не се применува највисоката основица | |
МАРТ 2015 дo ДЕКЕМВРИ 2017 година | ДВАНАЕСЕТ месечни просечни плати | ОСУМ просечни плати |
2018, 2019, 2020, 2021 и 2022 година | ШЕСНАЕСЕТ просечни месечни | ДВАНАЕСЕТ просечни плати |