Покана за дводневно КПУ Советување за годишна сметка 09 и 10.02.2023 година

Покана за дводневно КПУ Советување за годишна сметка 09 и 10.02.2023 година
Блог написи

Покана за дводневно КПУ Советување за годишна сметка 09 и 10.02.2023 година

Почитувани,

Ве известуваме дека Глобал Гроуп Консалтинг доби Одобрение од ИСОС за одржување на КПУ обуки за сметководители и овластени сметководители.

Воедно ве покануваме на  дводневното Online КПУ Советување  ќе се одржи на 09.02.2023 и 10.02.2023 година. Темите ќе бидат во согласност со  Годишната времена програма на ИСОС за континуирано професионално усовршување за 2023 година.

КПУ Советувањето пред се ке се однесува на:

  • Изготвување на годишна сметка за 2022 година
  • Изготвување на финансиски извештаи ,
  • Изготвување на Годишен извештај за работењето на друштвото,
  • Изготвување на даночен биланс за 2022 година,
  • Усвојување на годишна сметка, Утврдување на резултат и распределба на истиот,
  • Актуелни новини во законската регулатива.

Преземете ја програмата на следниот линк:


Програма за Online КПУ Советување 09-10.02.2023



НАПОМЕНА: Сите присутни на КПУ советувањето ќе добијат Потврди за 16 часа КПУ


НАПОМЕНА: На сите пријавени слушатели, претходно (на 01.02.2022) ќе им дадеме пристап до нашите алатки и прирачници за годишна сметка, каде се содржани:

  • Excel алатка за составување на годишна сметка од Бруто Биланс,
  • Е- Алатка за конвертирање на Excel во xml и прикачување на на веб страна на Централен регистар,
  • Прирачник за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи,
  • Прирачник за даночен биланс,
  • Пречистени текстови на законски прописи кои се однесуваат на годишна сметка и
  • Теркови и обрасци во врска со годишна сметка и финансиски извештаи.

 

Темите ќе ги разработуваат и предаваат:

  • Симона Павловска – Овластен ревизор – Глобал Гроуп Консалтинг
  • Благица Шорева – Овластен ревизор – KPMG
  • Јани Павловски – Магистер по правни науки

Пријавувањето се врши online со пополнување на формата на следниот линк:


Форма за регистрација за online обука



Надоместокот за присуство на дводневно online советувањето ќе изнесува 4.000 денари + 18 % ДДВ или вкупно со ДДВ 4.720 денари.

Плаќањето се врши однапред на жиро сметка 200003332266115 на Стопанска Банка АД Скопје.

Преземете про-фактура за плаќање на следниот линк:



Про фактура за Online советување 09-10.02.2023



Пријавувањето може да се изврши со пополнување на формата за регистрација, со пишување на наш маил или со телефонско јавување.

 

Контакти: 

Телефони за регистрација: 02/5126-533, 075/709-399

Маил за регистрација: info@globalgroup.mk, pretplata@smetkovoditeli.com.mk