Казнената камата не може да изнесува повеќе од главниот долг

Казнената камата не може да изнесува повеќе од главниот долг
Блог написи

Казнената камата не може да изнесува повеќе од главниот долг

Во Службен весник на РСМ бр. 154 од 20.07.2023 година беа објавени измените на Законот за облигационите односи и на Законот за извршување.

Според новиот став 8 во членот 266-а  од Законот за облигациони односи:

„(8) Кога износот на достасаната, а неисплатена казнена камата ќе го достигне износот на главнината, каматата престанува да тече.“.

Се намалува и рокот на застареност на побарување утврдено со судска одлука од 10 на 5 години.

Според измените на членот 368 од ЗОО:

„(1) Сите побарувања што се утврдени со правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган, застаруваат за пет години, од моментот на нивната извршност, како и побарувањата за кои во согласност со законот се предвидува пократок рок за застареност.
(2) Сите повремени побарувања, коишто произлегуваат од одлуки или порамнувања
предвидени во ставот (1) на овој член и достасуваат во иднина, застаруваат во рокот
предвиден за застареност на повремените побарувања.
(3) Застареноста на правосилна судска одлука или со одлука на друг надлежен орган, или со порамнување пред суд или пред друг надлежен орган прекинува со поднесување барање за извршување пред надлежен извршител, при што почнува да тече одново застареноста, која во извршната постапка трае десет години од моментот на поднесеното барање за извршување.“.

 

Во продолжение може да ги симнете измените на овие закони: