Соопштение  на ИСОС за ажурирање на податоци на правни лица кои имаат лиценци за вршење на сметководствени работи

Соопштение  на ИСОС за ажурирање на податоци на правни лица кои имаат лиценци за вршење на сметководствени работи
Блог написи

Соопштение  на ИСОС за ажурирање на податоци на правни лица кои имаат лиценци за вршење на сметководствени работи

Институтот на сметководители и овластени сметководители, согласно Правилникот и рокот кој беше даден за усогласување, Ги повикува сите субјекти иматели на ЛИЦЕНЦИ за вршење сметководствени работи издадени од Институтот НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година да ја достават следната документација

-Тековна состојба за субјектот имател на ЛИЦЕНЦА ОД ИСОС не постара од 30.08.2023 година

-Листинг од АВРМ на Деловен субјект и тоа (ПРЕГЛЕД НА АКТИВНИ ПРИЈАВИ ВО ЗАДОЛЖИТЕЛНО СОЦИЈАЛНО ОСИГУРУВАЊЕ НА ПРАВЕН СУБЈЕКТ) не постар од 30.08.2023 година со оригинал печат од АВРМ или истиот документ изваден преку порталот на E-uslugi

Напоменуваме дека Институтот врз основа на проверка на доставената документација ќе постапи согласно член 32 став 10 точка 2 и точка 3 од ЗВСР во врска со член 17 став 1 точка 2 и точка 3 од ПРАВИЛНИК ЗА НАЧИН НА И ПОСТАПКА ЗА ДОБИВАЊЕ НА УВЕРЕНИЕ ЗА СМЕТКОВОДИТЕЛ И ОВЛАСТЕН СМЕТКОВОДИТЕЛИ И УПИС ВО РЕГИСТАР од 29.06.2023 година.

Документацијата треба да се достави по електронска пошта на следната е-маил адреса: archiva@isos.com.mk НАЈДОЦНА ДО 15.09.2023 година.

Дополнително, сите членови се повикуваат да ги ажурираат и проверат своите податоци на веб платформата.

Ве молиме уредно проверете и пополнете ЕМБС на правниот субјект, назив на фирма, датум на вработување, полно/скратено/дополнително работно време, право да потпишува годишна сметка и финансиски извештаи, право да потпишува даночни пријави и биланси и тип на правен субјект согласно обврската за ажурирање на податоци од член 35 став (6) од ЗВСР во врска со член 10 став 2 точка 6 од Статутот на Институтот.

За ажурирање на податоците треба да се најавите на следниот линк:


https://smetkovoditel.isos.com.mk