ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ

ДОНЕСЕНА ОДЛУКА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ
Блог написи

ДОНЕСЕНА Е ОДЛУКАТА ЗА ПОСЕБНИ УСЛОВИ ЗА ТРГОВИЈА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ, ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА НАЈВИСОКИ ЦЕНИ ЗА ОДДЕЛНИ ПРОИЗВОДИ ВО ТРГОВИЈАТА НА МАЛО, КАКО И ОБВРСКА НА ТРГОВЦИТЕ ДА ПРИБАВУВААТ И ПРОДАВААТ ОПРЕДЕЛЕНИ ВИДОВИ И КОЛИЧЕСТВА НА ОДДЕЛНИ СТОКИ НА ПОТРОШУВАЧИТЕ СПОРЕД ОПРЕДЕЛЕН РЕДОСЛЕД

Владата на РМ, на седницата одржана на 19 септември 2023 година, ја донесе Одлуката за посебни услови во трговија на мало…

Со оваа одлука се определуваат посебните услови за трговија, највисоките цени во
трговијата на мало, како и обврската на трговците кои претставуваат правни и физички лица кои се регистрирани за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо и на мало во соодветен регистар согласно со закон, да ги прибавуваат и продаваат следните производи/стоки:
1) ориз бел, во пакување од 900 g до 1kg;
2) брашно пченично тип 400 и тип 500;
3) бел и полубел леб, векна, индустриски тип 450 g (цел и на парчиња), со исклучок на
свежо печен леб во маркетите;
4) други пекарски производи;
5) бисквити „Petit Beurre“ и бисквити обични и посни од 300 до 500 g;
6) наполитанки, со фил од какао крем (обични, непрелиени) од 300 до 500 g;
7) тестенини (макарони и шпагети од тврда пченица обични) без и со јајца од 500 g;
8) јунешко месо без коски, од бут или некој друг дел;
9) свинско месо без коски, од бут или некој друг дел;
10) мелено месо свинско и јунешко;
11) пиле свежо или замрзнато (цело);
12) пилешки стек свеж или замрзнат;
13) чаен колбас (јунешки, свински и говедски) без додатоци и без слајс пакување;
14) пилешка посебна салама (без слајс пакување);
15) паштета од џигер и пилешка (без додатоци) во пакување од 95 и 100 g;
16) трајно кравјо млеко (освен органско млеко и млеко со додатоци) со масленост од
2,8%, 3,2% и 3,5%, во пакување од 1 l;
17) јогурт од кравјо млеко обичен (без додатоци) со масленост од 2,8% до 3,2%, во
пакување од 1 l и 1,5 l;
18) кисело кравјо млеко (обично, без додатоци) со масленост од 2,8% и 3,2%, во
пакување од 300 до 500g;
19) павлака од кравјо млеко со масленост од 12% до 20%, во пакување од 180 или 200 g;
20) традиционално кравјо бело сирење и мешано бело сирење (без додатоци);
21) традиционален кравји и мешан кашкавал (без додатоци);
22) свежи јајца од кокошка;
23) свежо овошје и
24) свеж зеленчук.

Највисоките цени на овие производи/стоки се утврдуваат на нивото на цените (со исклучок на цените на акциска продажба) кои се применувале на 1 август 2023 година, во трговијата на мало, кои цени се намалуваат најмалку за 10%.

Трговците за вршење дејност производство и дејност трговија на големо, за наведените производи/стоки одобруваат рабат и други надоместоци кон трговецот за вршење дејност трговија на мало, во висина до 5%.

Трговците за вршење дејност трговија на мало за овие производи/стоки, кои се поставени на полиците, фрижидерите и разладните уреди, треба јасно да ги обележат со натписот „гарантирана цена”, кој е објавен на веб-страницата на Министерството за економија.

Трговците за вршење дејност производство и за вршење дејност трговија на големо имаат обврска наведените производи/стоки да им ги продаваат месечно на трговците за вршење дејност трговија на мало, во количина од најмалку 70% од количината продадена во месец август 2023 година.

Оваа одлука влегува во сила на 20.09.2023  а ќе се применува до 30 ноември 2023 година.

 

Одлуката на владата може да ја симнете на следниот линк:


Одлука за посебни услови во трговија на мало 19.09.2023 година