Субјектите кои вршат сметководствени работи до 31.12.2023 година до ИСОС треба да достават Список на сметководители и овластени сметководители и Полиса за осигурување од одговорност за вршење на сметководствени работи
Според член 32 став (9) од Законот за вршење на сметководствени работи Службен весник на РСМ бр.173/22 од01.08.2022 година, предвидена е обврска за правните лица со лиценца за работа за вршење на сметководствени работи се должни најдоцна до 31 јануари во тековната година да достават во Институтот:
- список на лица вработени со нивните звања, со нивен регистарски број под кој се запишани во соoдветниот регистар во Институтот и
- доказ за годишно осигурување од штета при вршење на професионална дејност.
Полисата за осигурување од штета при вршење на професионална дејност треба да биде во следните износи:
- трговец поединец – сметководител, износ од минимум 2.000 евра во денарска
противвредност по штетен настан, - трговец поединец – овластен сметководител на износ од минимум 10.000 евра во денарска противвредност по штетен настан,
- друштво за вршење на сметководствени работи на износ од минимум 20.000 евра во денарска противвредност по штетен настан.