Заклучок на владата за деновите кога се одржуваат избори за претседател и за пратеници
Владата на РМ, на својата 16-та седница која се одржа на 16.04.2024 година, донесе заклучок со кој 24 април 2024 година (среда) и 8 мај 2024 година (среда) да бидат неработни денови за сите граѓани на Република Македонија, заради непречено спроведување на изборите за Претседател на Република Македонија и изборите за пратеници во Собранието на Република Македонија и овие два неработни дена нема да се одработуваат.
Владината одлука се однесува на сите граѓани на Република Македонија.