Почитувани,
Ве известуваме дека Управата за јавни приходи го продолжи рокот за доставување на ДДВ 04 пријавите до 27.10.2021 година.
Ви го пренесуваме нивното официјално соопштение во целост:
Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува.
Крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавата (25.10.2021) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2021 година.