Покана за дводневно КПУ Советување за годишна сметка 09 и 10.02.2023 година
Почитувани,
Ве известуваме дека Глобал Гроуп Консалтинг доби Одобрение од ИСОС за одржување на КПУ обуки за сметководители и овластени сметководители.
Воедно ве покануваме на дводневното Online КПУ Советување ќе се одржи на 09.02.2023 и 10.02.2023 година. Темите ќе бидат во согласност со Годишната времена програма на ИСОС за континуирано професионално усовршување за 2023 година.
КПУ Советувањето пред се ке се однесува на:
- Изготвување на годишна сметка за 2022 година
- Изготвување на финансиски извештаи ,
- Изготвување на Годишен извештај за работењето на друштвото,
- Изготвување на даночен биланс за 2022 година,
- Усвојување на годишна сметка, Утврдување на резултат и распределба на истиот,
- Актуелни новини во законската регулатива.
Преземете ја програмата на следниот линк:
Програма за Online КПУ Советување 09-10.02.2023
НАПОМЕНА: Сите присутни на КПУ советувањето ќе добијат Потврди за 16 часа КПУ
НАПОМЕНА: На сите пријавени слушатели, претходно (на 01.02.2022) ќе им дадеме пристап до нашите алатки и прирачници за годишна сметка, каде се содржани:
- Excel алатка за составување на годишна сметка од Бруто Биланс,
- Е- Алатка за конвертирање на Excel во xml и прикачување на на веб страна на Централен регистар,
- Прирачник за изготвување на годишна сметка и финансиски извештаи,
- Прирачник за даночен биланс,
- Пречистени текстови на законски прописи кои се однесуваат на годишна сметка и
- Теркови и обрасци во врска со годишна сметка и финансиски извештаи.
Темите ќе ги разработуваат и предаваат:
- Симона Павловска – Овластен ревизор – Глобал Гроуп Консалтинг
- Благица Шорева – Овластен ревизор – KPMG
- Јани Павловски – Магистер по правни науки
Пријавувањето се врши online со пополнување на формата на следниот линк:
Форма за регистрација за online обука
Надоместокот за присуство на дводневно online советувањето ќе изнесува 4.000 денари + 18 % ДДВ или вкупно со ДДВ 4.720 денари.
Плаќањето се врши однапред на жиро сметка 200003332266115 на Стопанска Банка АД Скопје.
Преземете про-фактура за плаќање на следниот линк:
Про фактура за Online советување 09-10.02.2023
Пријавувањето може да се изврши со пополнување на формата за регистрација, со пишување на наш маил или со телефонско јавување.
Контакти:
Телефони за регистрација: 02/5126-533, 075/709-399
Маил за регистрација: info@globalgroup.mk, pretplata@smetkovoditeli.com.mk