Покана за еднодневно КПУ Советување на 18 октомври 2024 година
Почитувани,
Глобал Гроуп Консалтинг во коорганизација со Конто Профит, ве поканува на еднодневно Online КПУ Советување на 18 октомври 2024 година со почеток во 09:00 часот.
Начин на следење
КПУ Обуката ќе се одржи Online со користење на платформата ZOOM.
Теми и агенда
ДАНОЦИ: 2 часа
- Организирана исхрана и превоз: нормативни и даночни аспекти (ЗДД,ЗДЛД и ЗДДВ);
- Посебни видови на даночна основа за ДДВ при промет на употребувани моторни возила (чл. 19, став (1), т. 4 и став (7) од ЗДДВ).
МСС и МСФИ: 2 часа
- Примена на концептот на обезвреднување на средствата согласно МСС 36;
- МСС 18 Приходи (Оддел 23 од МСФИ за МСЕ) – Специфичности при признавање на приходи од продажба/услуги;
- Новиот МСФИ 15 – Приходи од договори со купувачи: Специфичности на новиот стандард, постапка за премин кон примена на новиот стандард, признавање на приходи во пет чекори според новиот стандард.
Корпоративно право: 1 час
- Статусни промени, присоединување, спојување и поделба на трговски друштва (нормативен и даночен третман).
МСС и МСФИ: 2 часа
- Побарувања од купувачите во МСФИ за МСЕ и во новиот МСФИ 9 наспроти стариот МСС 39 – евиденција, мерење и отпис (сметководствени и даночни аспекти);
- Државна поддршка и помош: МСС 20 и Оддел 24 од МСФИ за МСЕ (сметководствени и даночни аспекти).
Знаење во областа на ИТ: 1 час
- Примена на вештачката интелигенција ВИ во сметководствената професија;
Програмата може да ја симнете на следниот линк:
КПУ Обука бр.3 – Глобал Гроуп Консалтинг – Конто Профит
НАПОМЕНА: Сите присутни на КПУ советувањето ќе добијат Потврди за 8 часа КПУ
Надоместокот за присуство на еднодневно online советувањето ќе изнесува 2.000 денари + 18 % ДДВ или вкупно со ДДВ 2.360 денари.
Плаќањето се врши однапред на жиро сметка 200003332266115 на Стопанска Банка АД Скопје.
Преземете про фактура на следниот линк:
Про-фактура-за-КПУ-Советување
Пријавувањето може да се изврши со пополнување на формата за регистрација, со пишување на наш маил или со телефонско јавување.
Контакти:
Телефони за регистрација: 02/5126-533, 075/709-399
Маил за регистрација: info@globalgroup.mk, info@smetkovoditeli.com.mk
Форма за регистрација на КПУ Обука: