ИНФОРМАЦИЈА ОД УЈП ЗА ПРЕТПОПОЛНЕТА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА 2018 ГОДИНА

ИНФОРМАЦИЈА ЗА ПРЕТПОПОЛНЕТА ГОДИШНА ДАНОЧНА ПРИЈАВА ЗА 2018 ГОДИНА Според соопштението на Управата за јавни приходи (УЈП), објавено на нивната официјална веб страна, УЈП ги информира граѓаните дека во тек е активноста за генерирање и доставување на претпополнета Годишна даночна пријава за утврдување на персонален данок на доход за 2018 година. Даночните обврзници – физички […]

Соопштение на УЈП за поднесување на ДДВ пријави

Во текот на месец Април покрај поднесувањето на аконтативните пријави за ДДВ за месечни и тримесечни ДДВ обврзници се одвиваат активности за поставување на предпополнета Годишната даночна пријава за персонален данок на доход за 2018 година на корисничките профили на даночните обврзници (физички лица). Од овие причини можно е отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци.
За таа цел од Управата за јавни приходи апелираме до сите месечни и тримесечни ДДВ обврзници да ја поднесат Пријавата за данокот на додадена вредност пред крајниот рок за поднесување 25.04.2019 година.