Поднесување на МПИН пресметка на плата до УЈП - Е-база на информации за сметководители,

Date

Јан 10 2022
Expired!

Time

8:00 am - 12:00 pm

Поднесување на МПИН пресметка на плата до УЈП

Почитувани,

Поднесете месечна пресметка за интегрирана наплата (образец “МПИН”) за задолжителни социјални придонеси и ДЛД од плати за изминатиот месец.

Вид на обврска: Поднесување на МПИН пресметка на плата до УЈП


Назив на орган: Управа за јавни приходи


Пропис: Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување

Обврзникот за пресметка и уплата на придонесите е должен пресметката да ја врши месечно, поединечно за секој осигуреник, врз основа на пропишаната основица за соодветниот месец и податоците за пресметана плата или дел од плата, надоместок на плата, односно друг паричен надоместок и придонеси, и да ги достави до УЈП, наjдоцна до 10 во тековниот за претходниот месец.

Пресметката за плата обврзникот е должен да ја достави до Управата за јавни приходи во електронска форма (преку е-пошта или на електронски медиум), со задолжително користење “Софтверот за месечна пресметка за плата, придонеси и персонален данок“.

При доставување на образец “МПИН“ за повеќе даночни обврзници преку електронската пошта celaplata@ujp.gov.mk, пресметките за плата треба да ги пратите, одделно, за секој даночен обврзник. Декларацијата и Налогот за плаќање ќе ви бидат доставени на вашата електронска пошта, најдоцна, во рок од 24 часа од поднесувањето на пријавата. Ве молиме, веќе еднаш доставената пресметка за плата да не ја праќате повторно преку е-пошта celaplata@ujp.gov.mk и во даночните канцеларии на Управата за јавни приходи.

Податоците, исто така, можете да ги доставите и на електронски медиум (дискета, ЦД…) до Регионалната дирекција/Даночното одделение/Даночниот шалтер на УЈП според седиштето на обврзникот за пресметка и уплата на придонеси и персонален данок.

Обврзник кој има повеќе деловни единици (подружници) доставува само еден електронски oбразец МПИН, со податоци за вработените од сите деловни единици (подружници).

Практичното пополнување на “МПИН“ во специфични случаи кои може да се појават при изготвувањето на пресметките за плата е објаснето во интерактивните упатства (видео) кои можете да ги преземете http://ujp.gov.mk/mk/kampanji/category/774.

Напишете коментар

error: Копирањето не е дозволено!
error: Копирањето не е дозволено!