Дерегистрација за целите на ДДВ - Е-база на информации за сметководители,

Date

Јан 15 2022
Expired!

Time

8:00 am - 12:00 pm

Дерегистрација за целите на ДДВ

Почитувани,

Поднесете Барање за дерегистрација за целите на ДДВ ако вршите стопанска дејност и сте регистрирани за целите на ДДВ, можете по истекот на 3 или 2 години од почетокот на регистрацијата за ДДВ, да се дерегистрирате со поднесување на (образец “ДДВ-01Б”), само со исполнување на пропишаните законски одредби за дерегистрација/прекинување на регистрацијата.

Вид на право/ обврска: Поднесување на Барање за дерегистрација за целите на ДДВ до УЈП


Назив на орган: Управа за јавни приходи


Пропис: Закон за данокот на додадена вредност

Даночните обврзници обврзани за регистрација за ДДВ и доброволно регистрираните за ДДВ остануваат регистрирани најмалку во рок од три односно две календарски години.
Доколку вкупниот промет во треттата календарска година не го надминува износот од 2.000.000 денари или вкупниот промет во двете календарски години не го надминува износот од 2.000.000 денари и во секоја од двете претходни календарски години во даночните пријави нема искажано претходен данок за одбивање даночниот обврзник може по истекот на рокот да поднесе Пријава за отповикување на регистрацијата за данокот на додадена до даночната канцеларија на УЈП или по електронси пат преку е-даноци, за бришење од регистарот на обврзници за данокот на додадена вредност.
Пријавата “ДДВ-01Б“ се поднесува најдоцна до 15-ти јануари во годината, од која даночниот обврзник бара да престане да биде регистриран за целите на данокот на додадена вредност.

Образец:  Барање за отповикување на регистрација за цели на ДДВ

 

Напишете коментар

error: Копирањето не е дозволено!
error: Копирањето не е дозволено!