Регистрација за целите на ДДВ - Е-база на информации за сметководители,

Date

Јан 15 2022
Expired!

Time

8:00 am - 12:00 pm

Регистрација за целите на ДДВ

Почитувани,

Поднесете Барање за регистрација за целите на ДДВ доколку сте обврзани или пак сакате доброволно да се регистрирате за целите на ДДВ, задолжително поднесете пријава за регистрација за ДДВ на (образец “ДДВ-01”).

Вид на право/ обврска: Поднесување на Барање за регистрација за целите на ДДВ до УЈП


Назив на орган: Управа за јавни приходи


Пропис: Закон за данокот на додадена вредност

Пријавата за регистрација за данокот на додадена вредност задолжително ја поднесуваат даночните обврзници со фактичко седиште, подружница, постојано живеалиште или престојувалиште во земјата чиј вкупен промет во изминатата календарска година го надминал износот од 2.000.000 денари, даночните обврзници кои во текот на календарската година го надминат износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари, како и обврзниците кои при отпочнување со вршење на стопанска дејност проценуваат дека вкупниот промет во тековната година ќе го надмине овој износ. Пријавата за регистрација ја поднесуваат и оние даночни обврзници кои доброволно сакаат да се регистрираат зa данокот на додадената вредност, иако нивниот вкупен промет не надминува 2.000.000 денари.
Пријавата за регистрација се поднесува најдоцна до 15-ти јануари во тековната година.
Ако во текот на годината се надмине износот на остварен вкупен промет од 2.000.000 денари, пријавата се поднесува најдоцна до 15-ти во месецот кој следи по месецот кога е остварен прометот.
Доколку пак даночниот обврзник започнал со вршењето на дејноста во текот на календарската година, пријавата се поднесува во рок од петнаесет дена од почетокот на вршењето на дејноста.
Пријавата за регистрација може да се достави по пошта, лично до Регионалната дирекција на Управата за јавни приходи (според седиштето/живеалиштето на даночниот обврзник) или по електронски пат.

Образец:  Пријава за регистрација за данок на додадена вредност

 

Напишете коментар

error: Копирањето не е дозволено!
error: Копирањето не е дозволено!