Поднесување на барање за ослободување од ДЛД за набавен фискален апарат - Е-база на информации за сметководители,
Home Event - Е-база на информации за сметководители, Управа за јавни приходи Поднесување на барање за ослободување од ДЛД за набавен фискален апарат

Date

Јан 20 2022
Expired!

Time

8:00 am - 12:00 pm

Поднесување на барање за ослободување од ДЛД за набавен фискален апарат

Почитувани,

Доколку сте набавиле и сте вовеле во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДЛД-02”), заради користење на даночно олеснување од данок на доход во Годишниот даночен биланс за утврдување на данокот на доход од вршење на самостојна дејност (образец “ДЛД-ДБ“).

Вид на право/ обврска: Поднесување на барање за ослободување од ДЛД за набавен фискален апарат до УЈП

Назив на орган: Управа за јавни приходи

Обврзник: Трговец-поединец и самостоен вршител на дејност

Пропис: Закон за данок на личен доход

Барањето се поднесува во даночниот период, во кој одобрениот фискален систем на опрема е набавен и воведен во употреба, пред поднесувањето на Даночниот биланс (образец ДЛД-ДБ), во кој се остварува правото на намалување на данокот.
Барањето се доставува најдоцна до 20 јануари, во годината што следи по годината за која барањето се поднесува, односно во годината што следи по годината во која е извршена набавката и воведувањето на одобрениот фискален систем на опрема, до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку Е – ППД.
Доколку ова право не биде искористено во целост, истото се пренесува во наредниот период, се до неговото целосно искористување.
Доколку набавката и воведувањето на фискалниот систем на опрема (до 10 фискални апарати) се врши во повеќе различни даночни периоди, за секој нов воведен фискален систем на опрема со ГПРС уред се поднесува посебно барање.

Образец:  Барање за даночно ослободување за ДЛД за набавен фискален апарат

 

Напишете коментар

error: Копирањето не е дозволено!
error: Копирањето не е дозволено!