Поднесување на барање за ослободување од ДД за набавен фискален апарат - Е-база на информации за сметководители,
Home Event - Е-база на информации за сметководители, Управа за јавни приходи Поднесување на барање за ослободување од ДД за набавен фискален апарат

Date

Јан 20 2022
Expired!

Time

8:00 am - 6:00 pm

Поднесување на барање за ослободување од ДД за набавен фискален апарат

Почитувани,

Доколку  набавите и воведете во употреба до 10 фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања, поднесете (образец “ДД-07”), заради користење на даночно олеснување од данокот на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивка (образец “ДБ“).

Вид на право/ обврска: Поднесување на барање за ослободување од ДД за набавен фискален апарат до УЈП

Назив на орган: Управа за јавни приходи

Обврзник: Фирми

Пропис: Закон за данок на добивка

Барањето се поднесува во даночниот период, во кој одобрениот фискален систем на опрема е набавен и воведен во употреба, пред поднесувањето на Даночен биланс (образец “ДБ“), во кој се остварува правото на намалување на данокот.

Доколку набавката и воведувањето на фискалниот систем на опрема (до 10 фискални апарати) се врши во повеќе различни даночни периоди, за секој нов воведен фискален систем на опрема со ГПРС уред се поднесува посебно барање.

Барањето се доставува најдоцна до 20 јануари, во годината што следи по годината за која барањето се поднесува, односно во годината што следи по годината во која е извршена набавката и воведувањето на одобрениот фискален систем на опрема, до даночната канцеларија на УЈП или во електронска форма преку е-даноци.

Доколку ова право не биде искористено во целост, истото се пренесува во наредниот период, се до неговото целосно искористување.

Образец:  Барање за даночно ослободување за ДЛД за набавен фискален апарат

Напишете коментар

error: Копирањето не е дозволено!
error: Копирањето не е дозволено!